1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Сведок: Говорот на Трамп како поттик за насилен марш

Ноткер Оберхојзер
13 јули 2022

Американскиот претседател Доналд Трамп во јануари минатата година со својот говор поттикнал дел од луѓето да тргнат на насилен марш кон Капитол, тврди еден сведок.

USA Washington | Untersuchungsausschuss zum Angriff auf das US-Kapitol
Сослушување во истражната комисија за упадот во Капитол (12.07.2022)Фотографија: Doug Mills/The New York Times/AP/picture alliance

Американскиот претседател Доналд Трамп, според изјава на еден сведок, во јануари минатата година со својот говор поттикнал дел од своите приврзаници да тргнат на насилен марш кон Капитол.

Стивен Ајрес во текот на сослушувањето пред парламентарната комисија во Вашингтон, изјави дека тој не планирал да оди во Капитол. Дури откако Трамп го одржал говорот, кој „сите ги возбудил“, Ајрес, во тоа време приврзаник на Трамп, вели тоа го натерало да го промени мислењето. „Сите мислеа дека и тој ќе маршира. Знаете, тој во својот говор рече дека ќе биде со нас“, изјави Ајрес.

Приврзаници на Трамп пред Капитол на 6 јануари 2021 годинаФотографија: Stephanie Keith/REUTERS

Тој раскажа дека повиците на социјалните мрежи го поттикнале да дојде во Вашингтон на 6 јануари. Рече дека „дефинитивно“ верувал оти имало измама на претседателските избори во 2020 година. Сега, како што тврди, не верува „толку многу“ во тоа. Тоа се должи и на фактот што се повлекол од социјалните мрежи и самиот „истражувал“, рече Ајрес.

- повеќе: Една година по нападот врз Капитол - американската демократија е отворена рана

Денес тој жали што верувал во она што го зборувал Трамп. „Имав чувство како некој да ми ги покрил очите. Цело време бев заробен“, изјави сведокот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми