Сведоштво на медицинска сестра: „Мора да преживееш за синот“
Даниела Трпчевска-Зафировска
7 април 2021
„Го изгубив татко ми, ве молам, не сакам да ја изгубам и мајка ми“ - овие зборови сѐ уште ми одѕвонуваат во ушите, сведочи медицинската сестра Јохана Јаневска.
Реклама
„На пат кон работа во болницата '8 Септември' забележав едно момче како седи на клупа пред влезот. Кога поминав пред него, момчето стана и ме праша: 'Дали работите тука?' Го погледнав - очите му беа црвени од плачење. Му одговорив потврдно и зачекорив кон првото скалило, кога го слушнав неговиот глас: 'Го изгубив татко ми, ве молам, не сакам да ја изгубам и мајка ми.' Застанав скаменето. Се свртев кон момчето и го прашав како се вика неговата мајка. Ме погледна толку жално и ми го кажа името. Јас стоев скаменето... Отрчав кон влезот на болницата, облеков униформа и веднаш отидов кај мајка му. Таа беше на кислородна поддршка... Ја фатив за рака и ѝ реков: 'Надвор те чека прекрасен син. Мора да преживееш за него'. Ме погледна со солзи во очите. ’Морам’, ми рече. Јас направив сѐ што можев да ѝ помогнам, да ја спасам, да преживее.“
Овие трогателни повици за помош на момче коешто го изгубило родителот во пандемијата со Ковид-19 сѐ уште одекнуваат во главата на медицинската сестра Јохана Јаневска. Борбата за секој човечки живот, исцрпувачката голгота низ којашто поминуваат медицинските работници повеќе од една година сѐ уште трае. Притисокот врз здравствените работници е уште посилен во налетот на третиот бран, кога болничките капацитети се преполни, а вирусот и неговите мутации не бираат кого ќе нападнат. Сѐ поголем е бројот на млади луѓе кои се борат за последен здив.
Вакцини- адути на човештвото против Ковид-19
Глобалната кампања за вакцинација против Ковид-19 зема сѐ поголем замав. Во различни земји, создадени се или на повидок се вакцини, кои сега се главно оружје на човештвото во справувањето со пандемијата.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Бионтек/Фајзер: почеток на иРНК-револуцијата
Првата вакцина против Ковид-19, одобрена за употреба во САД и во ЕУ, беше вакцината на германските научници со турски корени Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туречи. Нивната фирма Бионтек од Мајнц влезе во сојуз со американскиот гигант Фајзер. Медиумите почнаа да зборуваат за „револуција“ во фармацевтската индустрија, откако е создадена првата иРНК вакцина.
Фотографија: Francis Dean/Dean Pictures/imago images
Модерна: родум од универзитетот Харвард
Американската компанија за биотехнологија Модерна е специјализирана и за РНК технологии, кои се сметаат за нов чекор во медицината. Нејзиното седиште се наоѓа во Кембриџ, Масачусетс, во близина на универзитетот Харвард, чии научници ја основаа компанијата во 2010 година. Вакцината на Модерна, создадена со финансиска поддршка од властите, беше втората корона-вакцина регистрирана во САД и во ЕУ.
Фотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images
АстраЗенека: „Оксфордската вакцина“
Научниците од Универзитетот Оксфорд во соработка со британско-шведската компанија АстраЗенека вршеа клинички испитувања и производство на нивната вакцина. Таа во голема мерка се користи во Велика Британија, ги исполнува условите во ЕУ и активно се користи во земјите во развој, бидејќи „вакцината од Оксфорд“ има многу ниска цена. Така, таа се произведува во Индија за локалниот пазар и за извоз.
Фотографија: Channi Anand/AP/picture alliance
Спутник V: првата одобрена вакцина во светот
Во август 2020, Русија објави дека прва во светот регистрирала вакцина против коронавирусот наречена Спутник V. Масовната вакцинација на руското население официјално започна во јануари 2021. Оваа векторска вакцина, изработена од научниците од Московскиот центар Гамалеја, се промовира на странските пазари од страна на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Фотографија: Aizar Raldes/AFP/Getty Images
Џонсон и Џонсон: доволна е една доза
Американска корпорација Џонсон и Џонсон е еден од шесте производители на корона-вакцини со кои ЕУ склучи прелиминарни договори за снабдување. Од нејзината векторска вакцина потребна е само една доза, а не две како останатите и се чува во конвенционални фрижидери. За ЕУ оваа вакцина, која доби дозвола за употреба на 11.03. ќе ја произведува белгиската сестринска фирма на Џонсон и Џонсон - Јансен.
Фотографија: Johnson/AP/picture alliance
Синовак: тивкиот конкурент од Кина
Без многу врева и детални извештаи за клиничките испитувања, Кина разви најмалку три вакцини. Една од нив, создадена од деактивиран коронавирус, Синовак Биотек ја тестираше во неколку азиски земји, вклучувајќи ја и Индонезија, која потоа веднаш ја нарача. Да им даде пример на своите сонародници, претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, прв се вакцинираше.
Фотографија: Laily Rachev/Biro Pers Sekretariat Presiden
Синофарм: Првата кинеска вакцина
Станува за вакцина со „деактивиран“ вирус која државната компанија ја разви во соработка со Институтот за вирологија од Вухан. Овој вид на вакцини се користи веќе со децении, со добри резултати во пракса. Вакцината која веќе се користи во Србија и во Унгарија, беше првата која доби одобрение за употреба од кинеските власти.
Американската фармацевтска компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 96 процентно ефикасна против оригиналниот вирус и 86 проценти против британскиот сој. Тоа произлегува од студијата што Новавакс ја спроведуваше во Велика Британија. Вакцината може да биде одобрена за употреба во САД уште во мај, доколку властите утврдат дека податоците од Велика Британија се доволни, соопшти компанијата.
Фотографија: Justin Tallis/AFP/ Getty Images
КјурВак: Печатач за вакцини на Тесла
Втората германска иРНК вакцина, која се очекува да биде регистрирана до лето, ќе биде произведена и извезена на глобално ниво од компанијата КјурВак од Тибинген, во партнерство со концернот Баер. Но, ќе биде можно таа да се направи директно во клиниките ширум светот. Елон Маск (втор од лево) демонстрираше мобилен печатач на вакцини создаден од германската сестринска фирма Тесла Громан.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Schwarz
Санофи: два неуспеха и помош за Европска унија
Француската компанија Санофи е еден од најголемите светски производители на вакцини. Но, овојпат тоа не и' успеа - двапати: ни заедничкиот развој со британската ГлаксоСмитКлајн, ниту обидот за создавање иРНК вакцина досега не дадоа резултати. За да помогне во обезбедувањето на вакцини за земјите од ЕУ, нејзината фабрика во Франкфурт на Мајна ќе произведе 125 милиони дози од вакцината на Фајзер.
Фотографија: C. Stoll/Sanofi
10 фотографии1 | 10
Во првите борбени редови
На денешното одбележување на Светскиот ден на здравјето, 7 април, здравствените работници секојдневно ги ризикуваат своите животи за да се грижат за другите. Медицинската сестра Јохана Јаневска и ова утро е на своето работно место во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Сега води грижа за најмалите кои боледуваат од дијабетес. Некои од нив имаат само две години. Но, искуството од болницата „8 септември“ и работата со најтешко заболените кои се борат за живот, вели дека е нешто од кое сѐ уште ѝ лазат морници по телото.
Првите месеци од пандемијата таа ги помина во шок-соба, со најтешките пациенти хоспитализирани во болницата „8 Септември“ во Скопје, каде беше испратена на испомош со уште пет колешки од Детската клиника. Скафандер, три пара ракавици, каљачи, па потоа нов најлон врз скафандерот – ова е секојдневната опрема на медицинските лица кои се во првите редови во борбата со заболените од смртосносниот Ковид-19. Деноноќно трае борбата за секој човечки живот, а по повеќе часови поминати во сала, Јаневска вели дека одвај чекаш да излезеш на тераса, каде се бориш за воздух. Папсани, истоштени до последните сили – здравствените работници водат секојдневна битка со пандемијата, на која не ѝ се наѕира крајот.
„Не се препознававме меѓу себе, па со фломастери ги пишувавме нашите имиња на скафадери за да можеме да се препознаеме. Четирипати во тек на 24 часа се туширавме и ги менувавме скафандерите. По смената заминувавме во собата за деконтаминација, облеани во пот. За тие четири часа одмор коишто ни следуваа, повеќето време го поминувавме на тераса, во обид да се вдиши што повеќе воздух, желни за вода и малку сон“, вели Јаневска за ДВ.
Слики од шок-собата
Сликите од шок-собата нема никогаш да ги заборави. „Влегуваш во шок интензивна со верба да видиш дека некој од пациентите што си ги оставил претходно го екстубирале, се разбудил. Се трудиш да му помогнеш на секој од нив подеднакво, не прашувајќи за име, за возраст. Ги следиш нивните симптоми, делиш терапија, а од тебе тече пот. Само ние знаеме како дишеме, како издржуваме. Но, како и секогаш, да спасиш човечки живот е најубаво чувство. Но, за жал и не успеваме секогаш во нашата намера, а тоа ни е најтешко“, раскажува нашата соговорничка.
Таа се присетува дека на почетокот на пандемијата воопшто и не знаеле со што се борат. Притисокот бил огромен, медицински лица колабирале од преголем замор и стрес. „Работевме до истоштеност, до последните резерви на сила. Кога ќе ми текне на тоа што поминавме, кога ќе се присетам на сите оние коишто ги ставаш на машина, разговараат со тебе и веќе следниот миг престануваат да дишат – тоа е хорор којшто не се опишува. Морници сѐ уште ми лазат по телото“, вели медицинската сестра.
Оние коишто не влегле внатре, не знаат како е во 8 Септември“ и во останатите ковид-центри кадешто се лекуваат пациентите со најтешки симптоми на вирусот. Болниците на сите катови се преполни со болни кои имаат најтешка клиничка слика. Секојдневно се примаат нови заболени, за жал некои доаѓаат и веднаш ја губат битката со болеста. Некои починуваат и пред да бидат сместени на одделенијата.
„Мојата препорака е ’Чувајте се’ и почитувајте ги сите процедури... Здравствените работници се трудат од петни жили да ги извршуваат дадените задачи, иако мислиме дека времето е кратко и за нас и за пациентите“, вели медициската сестра..
Секој пациент што си оди оздравен дома, за медицинските работници е мотивација плус да се борат и да бидат истрајни. Секоја насмевка и секое едно „благодарам“ значи многу за сите нив. Јаневска вели дека вакцината е само почеток на крајот во битката со монструмот.
„Да бидеме сите максимално фокусирани на почитување на пропишаните мерки. Медицинските лица во борбата со Ковид-19 го даваат својот максимум за да им помогнат на граѓаните. Носат скафандери цел работен ден, работат во екстремно тешки услови. Преморени се. Дајте ни шанса нам, на здравствените работници, да се почувствуваме горди оној ден кога ќе го кренеме победничкото знаме и ќе кажеме ’благодариме народе што заедно со вас го победивме ѓаволскиот вирус“, апелира Јохана Јаневска.