1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот наголемо се вооружува

Улрике Кваст
25 април 2022

Во 2021 година светот потрошил над две илјади милијарди долари за оружје, со што е урнат досегашниот рекорд. Најмногу се вооружуваат САД, Кина, Индија, Велика Британија и Русија.

Polen Amerikanische Abrams-Panzer,
Фотографија: Mateusz Wlodarczyk/NurPhoto/picture alliance

Меѓународниот институт за истражување на мирот СИПРИ во својот најнов извештај констатира дека издатоците на светот за оружје се зголемуваат седма година по ред. Изразено во бројка - вложени се 2113 милијарди долари, велат експертите. Изгледа дека за инвестициите во вооружување криза не постои. Дури ни економскиот пад предизвикан од корона-пандемијата не можеше да го сопре трендот на купување оружје.

Пет земји – САД, Кина, Индија, Велика Британија и Русија учествуваат со 62% во глобалните вложувања во вооружувањето. Германија е зад Франција, на седмото место. Според СИПРИ, вкупните давачки за вооружување во 2021 година имале удел од 2,2% во светскиот БДП.

САД и Кина - глобални лидери

На врвот на листата и натаму се САД. И покрај тоа што нивните инвестиции во вооружување минатата година се за 1,4% пониски од 2020-тата поради високата инфлација, Вашингтон потрошил 801 милијарди долари за своите воени сили, повеќе од која било друга земја во светот. Нивниот удел на глобално ниво е 38%.

Кина е на второ место, со глобален удел од 14%. Минатата година Кина вложила 293 милијарди долари во вооружување, што е за 4,7% повеќе од 2020. Но, во споредба со 2012-тата, тоа е плус од 72%. Воените трошоци во Кина растат 27-ма година по ред.

СИПРИ нема документирано ваков нагорен тренд кај ниту една друга земја. Како САД, така и Кина инвестира големи суми во истражување и натамошен развој на воените сили. 

Индија е на трето место - минатата година инвестирала 76,6% милијарди долари. Велика Британија, која е на четвртото место, вложила 68,4% милијарди долари, што е за три проценти повеќе од лани. Германија во 2021 година дала 51,8 милијарди долари за одбранбените сили и е на седмо место на оваа листа. Ова е 1,3% од БДП на земјата.

Русија наголемо се вооружувала за нападот на Украина

Русија, која е на петтото место, ги зголемила вложувањата во вооружувањето за 2,9% и дала 65,9 милијарди долари. Вложувањата во војската во Русија се 4,1% од БДП во земјата. Тоа, според СИПРИ, е „доста повисоко од глобалниот просек.“

Кон крајот на 2021 година, кога руски трупи беа распоредени на границата со Украина, забележано е нагло зголемување на воените давачки. Високите приходи од бизнисот со нафта и гас ѝ помогнаа на Русија да ги зголеми вложувањата во вооружување минатата година, анализира експертот на СИПРИ, Луси Беро-Судро. Според СИПРИ, сè уште е неизвесно како војната на Русија во Украина ќе влијае на воените трошоци на земјата во иднина.

- повеќе: ЕУ и САД ќе достават оружје за Украина од над една милијарда евра

Украина, исто така, значително ги зголеми воените вложувања во последниве години, но, сепак, во различен размер во однос на водечките земји од листата - во 2021 година, инвестициите за вооружување паднале за повеќе од осум отсто - на 5,6 милијарди евра, но сепак изнесуваат 3,2% од украинскиот БДП. Помеѓу 2014 и 2021 година, буџетот за одбрана на Украина порасна за 72 отсто, а во споредба со пред 10 години за дури 142 отсто.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми