Дали е на повидок најопасниот сој на коронавирусот?
СН/агенции
26 ноември 2021
Во Јужноафриканската Република се шири варијанта на коронавирусот, која може да биде многу полоша од сојот Делта, кој преовладува во Европа. Бројни држави веќе го ограничија авионскиот сообраќај со јужна Африка.
Реклама
Ширењето на нова, потенцијално многу опасна варијанта на коронавирусот во јужна Африка предизвика меѓународна загриженост. Експертите стравуваат дека варијантата Б.1.1.529 не само што е многу заразна поради невообичаено голем број мутации, туку може и полесно да ја пробие вакциналната заштита.
Бројни светски држави веднаш реагираа на веста за појавата на новиот сој, воведувајжи или најавувајќи нови мерки на претпазливост и ограничување на патувањата. Велика Британија и Израел повторно ја ставија Јужноафриканската република и уште пет африкански земји на црвената листа за авионски патувања.
И германската влада донесе одлука од утре драстично да го ограничува воздушниот сообраќај со Јужноафриканската Република. Министерството за здравство објави дека земјата ќе се смета за област на ширење на варијанта на вирусот. „Како резултат на тоа, на авиокомпаниите им е дозволено само да превезуваат германски државјани оттаму во Германија. Дополнително, сите веќе пристигнати ќе мора да бидат во карантин 14 дена - дури и ако се целосно вакцинирани“.
Евеопската комисија исто така сака да го ограничи патувањето од јужна Африка до ЕУ на апсолутен минимум. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Твитер соопшти дека Комисијата ќе им предложи на државите на ЕУ да се активира итна сопирачка за да се прекине воздушниот сообраќај.
Што треба да се знае за сојот Делта?
03:23
Светската здравствена организација (СЗО), пак, денеска ќе одржи итен состанок за новиот сој на коронавирусот откриен во Африка, пренесе британскиот Фајненшел тајмс.
Тулио де Оливеира, директорот на Центарот за реагирање на епидемии и за иновации во Јужноафриканската Република, им ја пренесе на претставниците на СЗО својата загриженост во врска со ковид сојот Б.1.1.529, за кој се стравува дека е најлоша варијанта на ковид идентификувана досега.
Потоа, СЗО одлучи да одржи вонредна седница, изјави Де Оливеира за Фајненшал тајмс.
Повеќе:
Стручњаците од СЗО ќе разговараат за тоа дали новиот сој треба да се дефинира како нешто што предизвикува „загриженост“ или какој сој „од интерес“.
Тулио де Оливеира за време на вчерашната конференција за новинари изјави дека новиот сој има многу голем број на мутации, што носи ризик од брзо ширење на болеста.
Според последните податоци, во Јужноафриканската Република овој сој на коронавирусот е дијагностициран кај вкупно 77 лица. Тој е дијагностициран и кај 4 лица од Боцвана и едно лице во Хонг Конг, кое дошло од Јужноафриканската република.
Пандемија: Животот свртен на глава
Пред нешто повеќе од една година мистериозен нов коронавирус започна да се шири низ светот. Денес, бројот на заразени во пандемијата е над 100 милиони, а секојдневието на луѓето ширум планетата е драматично променето.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Колективно физичко дистанцирање
Сингапур има многу ниски стапки на инфекции со коронавирусот од октомври досега. Набљудувачите ја фалат оваа град-држава во југоисточна Азија за одржување на вирусот под контрола со внимателно следење на нејзините граѓани, делумно со апликацијата за задолжително следење. Падот на инфекциите значи дека локалното население може да посетува кино на отворено - под услов да се одржува физичка дистанца.
Фотографија: Edgar Su/REUTERS
Во Јужна Африка се шири страв
Јужна Африка е најтешко погодената африканска земја од пандемијата на коронавирусот. Овој пациент во болница во близина на Кејп Таун е еден од 1,4 милиони граѓани кои се заразени со Ковид-19. Новата варијанта на коронавирусот, позната како B.1.351 или 501Y.V2, само го зголеми стравот. Исто како и новата варијанта на британскиот вирус, се смета дека оваа јужноафриканска мутација е многу позаразна.
Фотографија: Rodger Bosch/AFP/Getty Images
„Социјално дистанцирање на сонце“
Со зголемените летни температури, многу Австралијци се во можност да уживаат во освежително пливање во океанот. Поставени се знаци за да ги потсетат посетителите на плажите да држат дистанца додека уживаат во сонцето, во обид да се спречи нов пораст на инфекции. Австралија забележа значително намалување на бројот нови случаи од септември наваму.
Фотографија: Bai Xuefei/Xinhua/imago images
Болка поради оние кои починаа
Келвија Андреа Гонкалвес (16) плаче на гробот на нејзината мајка во бразилскиот град Манаус - Андреа дос Реис Брасао почина на само 39-годишна возраст. Таа е една од безбројните жртви од Ковид-19 во градот кој остана без неопходниот кислород. Многу луѓе го обвинуваат екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за мрачната состојба во земјата. Во Бразил од вирусот починаа над 221.000 лица.
Фотографија: Bruno Kelly/REUTERS
Што е сигурно е сигурно?
Во Хонг Конг, властите оградија цели населби без предупредување како одговор на ненадејниот пораст на инфекциите. Градот, посебен административен регион на Кина, наметна слични драконски мерки за спречување на епидемијата на вирусот како оние кои беа во сила во Кина. До неодамна, стапките на инфекции тука беа многу ниски.
Фотографија: Tyrone Siu/REUTERS
Танцување во сопствен меур
Американскиот рок-бенд The Flaming Lips смисли начин како да организира концерти со физичка дистанца: на неодамнешниот концерт во Оклахома Сити, бендот ја замоли публиката да влезе во пластични меури кои се надувуваат. На овој начин, тие можеа да се танцуваат додека безбедно се изолирани во сопствени меури. Публиката дури можеше да го држи на раце и фронтменот Вејн Којн кој се стркала од сцената.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Цркви претворени во центри за вакцинација
Многу цркви во моментов се затворени поради пандемијата, па местата за богослужба се претвораат во центри за итна вакцинација- како тука во катедралата Лихфилд, во близината на Бирмингем, Англија. За разлика од земјите во ЕУ кои во моментов се соочуваат со недостиг на вакцини против Ковид-19, Велика Британија редовно се снабдува со дози.
Фотографија: Carl Recine/REUTERS
Светло на крајот од тунелот
Ејми Езат подготвува торта во форма на вакцина која треба да се дистрибуира меѓу пациентите со Ковид-19 кои се лекуваат во болницата во Каиро. Египет се бори да ја активира својата кампања за имунизација низ целата земја. Сепак, на многумина можноста да се вакцинираат против коронавирусот им дава огромно чувство на надеж.
Фотографија: Hanaa Habib/REUTERS
8 фотографии1 | 8
Некои научници новиот сој го опишаа како најлош од почетокот на пандемијата. Тие наведуваат дека има 32 мутации во спајк протеинот, дел од вирусот кој поголемиот број од вакцините го користат да поттикне одговор на имунолошкиот систем против ковид.
Тоа е речиси двојно поголем број поврзан со делта сојот. Мутациите во спајк протеинот можат да влијаат на способноста на вирусот да ги инфицира клетките и да се шири, но и да им отежне на имунилошките клетки да го нападнат патогенот, наведува британскиот весник Гардијан.