По забавувањето во 2017 година условено од долгата политичка криза, економскиот раст во Македонија ќе се искачи до просечно 3,5% во 2018 и 2019, прогнозира Светска банка во годишниот извештај за Западен Балкан.
Реклама
По пролонгираната политичка криза, економскиот раст во Македонија е проектирано да падне 1,5 проценти во 2017 година, но потоа да би требало да земе залет до просечни 3,5 проценти за наредните две години, благодарение на опоравувањето на инвестициите и потрошувачката, предвидува Светска Банка. Во годишниот извештај за земјите од Западен Балкан, објавен денеска,во делот на Македонија се наведува дека економските изгледи за Македонија се позитивни со предвиден раст за 2018 година од 3,2 проценти и во 2019 од 3,9 проценти. Главни двигатели на овој раст би требало да видат приватната потрошувачка, поттикната од растечката вработеност, заздравувањето на инвестициските процеси и изградбата на два автопата во земјата.
Автопат во ќорсокак
Изградбата на автопатот Кичево-Охрид која започна во 2014 година е запрена. Дали и кога ќе продолжи е неизвесно. Извесно е дека делницата нема да биде готова пред октомври 2019 година, а цената ќе биде далеку повисока.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Контроверзен проект
Уште од самиот почеток, целата постапка околу изградбата на автопатот беше обвиена во контроверзи. Наместо преку тендер, поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ одлучи договорот за изградбата на двете делници со кинеската компанија Синохидро: Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, да го протурка со закон преку парламентот.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Проект вреден над половина милијарда евра
Со договорот за изградбата на двата автопати беше предвидено тие да чинат 579 милиони евра- обезбедени преку кредит од кинеската Ексим банка. Делницата Миладиновци-Штип е со должина од 47 километри, додека автопатот Кичево-Охрид е со должина од 57 километри. Изградбата започна во мај 2014 година.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Редица грешки и пропусти
Иако од почетокот на годинава беше познато дека изградбата на делницата Кичево-Охрид е во застој, информациите до јавноста за бројните проблеми протекоа дури по промената на власта. Во извештајот на надзорот се наведуваат сериозни грешки и проблеми во проектирањето и во реализацијата на проектот. Проценките се дека ќе бидат потребни дополнителни 130 до 150 милиони евра за да се заврши автопатот.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Проблематични косини и тунели
Најголеми грешки се утврдени во проектирањето на трасата, косините на автопатот, како и кај тунелите. Санација на штетите или комплетно нова траса? Одговорот на ова прашање ќе треба да го дадат експертите. Новата влада спроведува комплетна ревизија на проектот, но ќе мора да одлучи дали и како ќе ја финансира финансиската дупка која се јави при изградбата?
Фотографија: DW/K. Delimitov
Неизвесен крај
Според актуелните проценки на Министерството за транспорт, во оптимистичко сценарио делницата Кичево-Охрид најрано може да биде завршена до октомври 2019 година. Пореалистична е варијантата дека изградбата ќе се одолжи до средината на 2020 година. Автопатот Миладиновци-Штип, пак, би требало да биде готов до втората половина на следната година.
Фотографија: DW/K. Delimitov
Одговорност за пропустите?
Премиерот Зоран Заев веќе најави стопирање на проектот додека не завршат сите ревизии и проценки на штетите. Заев ќе мора да преговара со кинеската страна за продолжување на роковите и начинот на кој ќе се финансираат новите трошоци. Случајот го истражува и СЈО, а меѓу обвинетите во случајот „Траекторија“ е и поранешниот премиер Никола Груевски.
6 фотографии1 | 6
Со окончувањето на политичката криза, според Светска банка сега главен ризик за македонската економија е состојбата со буџетот, која би можела да ја загрози макроекономската стабилност и да ги поткопа изгледите за раст. Притисокот доаѓа од високиот буџетски дефицит, кој во 2017 е проектиран на 3 проценти а се очекува да се движи околу оваа бројка и во наредните две години. дефицитот е последица на нискте приходи, растечкиот дефицит во пезискиот систем и повисоките исплати на камати.
Светска банка смета дека издржана програма за фискална консолидација ќе помогне да се стабилизира јавниот долг и да се создадат фискални одбрани од шокови.
Економскиот раст на Западен Балкан во 2017 година ќе биде 2,6 отсто, во наредната година 3,3 насто, додека во 2019 ќе изнесува 3,6 отсто, се наведува во годишниот извештај на Светска банка претставен денеска.
Свтската банка наведе дека инвестициите годинава поттикнале значаен раст во Албанија, на Косово и во Црна Гора, додека потрошувачката донела стабилен раст во БиХ, а растот покрај во Македонија бил забавен и во Србија, пред сѐ поради тешката зима.
Во земјите од Западен Балкан, како што е истакнато, во првата половина на годинава отворени се 230.000 работни места, што е пораст од 3,8 насто во однос на истиот период минатата година, и еднаква состојбата пред избувнувањето на светската криза во 2008 година. И во однос на Македонија, Светска банка констатира раст на вработувањата и намалување на невработеноста до 22,8 проценти. Сепак се констатира дека и натаму останува висока невработеноста кај младите со 46 проценти.