1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светска банка: Македонската економија со раст од 4,6 отсто

ДТЗ
21 октомври 2021

Во полугодишниот извештај се наведува дека инфлацијата ќе изнесува 2,4 отсто, но се очекува идната година да се намали. 

Das Hauptquartier der Weltbank in Washington DC
Фотографија: DW/R. Wenkel

Светската банка прогнозира дека економијата во Северна Македонија годинава ќе забележи раст од 4,6 отсто. За наредната година се предвидува растот на БДП да изнесува 3,7 отсто, а во 2023 година - 3,4 отсто. Во полугодишниот извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан, се наведува дека инфлацијата ќе изнесува 2,4 отсто, но се очекува идната година да се намали. 

И покрај економското закрепнување се уште постојат ризици, пред се поради бавното темпо на вакцинација во земјата. „Проекцијата за раст е 4,6 проценти во 2021 година, многу повисока од пролетните проекции. Овие позитивни изгледи и понатаму се опкружени со надолни ризици како резултат на бавното темпо на имунизација и сè уште нарушените синџири на снабдување, како и со тоа што условите за финансирање почнаа да се затегнуваат“, вели директорот на канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи. 

Кревко закрепнување 

Според него, економиите на сите земји во Западен Балкан, освен на Црна Гора, ќе се вратат на ниво пред пандемијата до крајот на оваа година.  Од земјите во регионот, најголем раст на БДП оваа година се предвидува за Црна Гора, од 10,8 отсто, потоа Албанија 7,2 отсто, Косово 7,1 отсто, Србија 6 отсто, и Босна и Херцеговина 4 отсто. Просекот за земјите од Западен Балкан годинава е раст од 5,9 отсто, во 2022 година се предвидува пораст на БДП од 4,1 отсто и во 2023 година 3,8 отсто. 

Според Светска банка, закрепнувањето и понатаму е кревко. Тие анализираат дека раните знаци за предупредување кои доаѓаат од пазарот на трудот бараат повеќе внимание. 

„Загубата на работни места од рецесијата и периодот што следуваше по неа, непропорционално ги погоди жените и младите, што може и да ги врати назад напорите на регионот за зголемување на долгорочно ниските стапки на учество во работната сила. Невработеноста на младите се зголеми на 37,7 проценти во 2021 година, што е 5,4 процентни поени повеќе од јуни 2020 година, со што уште повеќе се влошија перспективите за вработување на младите“, се вели во извештајот.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми