Шести јули е Светски ден на бакнежот. Но, него не го слават насекаде како во западните земји. Што треба да се знае за бакнувањето и кои се незаборавните бакнежи низ историјата?
Реклама
Некои бакнежи се историски, на пример првиот бакнеж прикажан во филм. На крајот на 19 век првото бакнување на платно беше повод за обеспокојување на чуварите на моралот, но од друга страна кај луѓето предизвика толкаво љубопитство, што масовно доаѓаа на кино-проекциите.
Денес во филмовите се гледаат прегратки, бакнежи, дури и повеќе, тоа стана нормално, иако дел од луѓето сѐ уште гледаат настрана кога се бакнуваат двајца мажи или две жени.
Во светот пак постојат многу места каде и еден мал, безгрешен бакнеж може да одведе во затвор. На пример, во Дубаи, каде бакнувањето во јавност е строго забрането, исто како и во најголем дел од арапските земји како Малезија, Куала Лумпур, Индонезија. Дури и во Русија нерадо се толерираат бакнежи на јавни места. Значи, овие земји не се погодни за да се мине медениот месец.
Бројни научни студии инаку доведоа до важни сознанија во врска со размената на телесни течности: бакнувањето е добро за линијата, за здравјето, ѝ годи на кожата, како и на крвотокот. Интересно: дури и пренесувањето на штетни бактерии го јакне имунолошкиот систем. Бакнувањето предизвикува среќа преку лачењето на поголеми количества серотонин, ендорфин и адреналин. Луѓето кои повеќе се бакнуваат се поуспешни во кариерата. Внимателност е потребна меѓутоа при епидемии,- на пример во време на свинскиот грип во 2009 година во Германија се издаде забрана за бакнежи на Хеви метал фестивалот во Вакен, каде заеднички се забавуваат до 80. 000 посетители, со цел болеста да не се прошири.
Иако во Европа бакнежот само по себе се подразбира како манифестирање љубов, во многу земји тој не игра толку важна улога, некои народи го сфаќаат како одвратен, премногу еротски. Научниците дошле до заклучок - во поиндустријализираните земји бакнувањето е пораширено, за разлика од позафрлените области.
Незаборавни бакнежи
Шести јули е Светски ден на бакнежот. По тој повод ви претставуваме избор од најубавите и најпознати бакнежи од киното, уметноста и вистинскиот живот. Да живее љубовта!
Фотографија: picture-alliance/dpa/Spiegl/S.Simon
Рет...ох, Рет...
Сликата на еден бакнеж во 1939 година го обиколи светот: во филмот „Одвеано од виорот“ американската убавица од југот Скарлет О‘Хара ( Вивиен Ли) со овој бакнеж му го сврти умот на богатиот Рет Батлер (Клерк Гебл), вљубен до уши во неа, со намера да го искористи за спасување на својата куќа. Дури на крајот на филмот Скарлет ја сфаќа неговата човечка големина, но нему таа му е веќе преку глава.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Првиот бакнеж на големото платно
Во 1896 година настана краткиот филм „Бакнеж“, во кој двајцата драмски актери Мерј Ирвин и Џон Рајс се прегрнуваат и на крајот се бакнуваат. Само 20 секунди долгата филмска секвенца е филмувана завршна сцена на еден бродвејски мјузикл, исто толку позната колку и спорна, зашто никогаш дотогаш еден бакнеж не бил толку јасно прикажан. Ова му даде популаризирачки поттик на младиот медиум - киното.
Веројатно најромантичната сцена од поновата кинематографска историја со Кејт Винслет и Леонардо Ди Каприо: Џек и Роуз стојат на палубата на „Титаник“ и го гледаат залезот на сонцето. Двајцата не знаат дека тоа ќе биде нивната прва и воедно последна заедничка вечер. Романсата завршува со потонувањето на познатиот брод. Роуз преживува, додека Џек исчезнува во леденото море.
...во нејзиниот живот, оној кога се омажи за Чарлс, изјави Дијана единаесет години по својата „венчавка од соништата“ на 29.08.1981 година. Притоа, тогаш се‘ изгледаше толку прекрасно: фустанот на Дијана, среќните насмевки, малку укочениот принц, сјај и раскош. Но, Дијана за Чарлс беше само втор избор, зашто всушност веќе сакаше друга. Двајцата тоа успешно го прикрија на денот на свадбата.
Фотографија: picture alliance/dpa
Веќе подобро
Во 2011 година, постариот син на Дијана и Чарлс, принцот Вилијам се ожени со својата Кејт. Овој брак се чини е под посреќна ѕвезда. Но, нападните медиуми постојано ги чуваат подготвени камерите и го следат секој јавен настап на двајцата. Често се шпекулира, па така една разлика во мислењата по богослужбата во март годинава се толкуваше како брачна криза.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.Okten
Скандалозен бакнеж на МТВ
Овој бакнеж предизвика бранувања: на доделувањето на видео и музичките награди на МТВ во 2003 година, откако Бритни Спирс и Кристина Агилиера испеаја песна во чест на Мадона, дивата дојде лично на бината, танцуваше и пееше со нив и им се заблагодари на двете со бакнеж кој можеби беше неколку секунди предолг. Дури и екс-пријателот на Бритни, Џастин Тимберлејк, остана со подотворена уста.
Фотографија: Getty Images/F. Micelotta
Уметнички бакнеж
Најпознатите слики на уметникот Густав Климт потекнуваат од неговата т.н. „златна фаза“. Златото и бронзата кои тој ги користи потсетуваат на христијанското сликарство од доцниот среден век и на сликите им даваат извонреден сјај. Своето најпознато дело, „Бакнеж“, Климт го создал меѓу 1908 и 1909 година. Сликата во оригинал е квадратна, со димензии 180х180 сантиметри.
Најпознатиот братски бакнеж
Во поранешниот Источен блок, посебно државниците, меѓусебно се поздравуваа со социјалистички братски бакнеж. Интензивен телесен контакт, кој требаше да манифестира поголема приврзаност отколку силно ракување. Овој бакнеж меѓу поранешниот претседател на Германската Демократска Република, Ерик Хонекер и шефот на руската држава, Леонид Брежњев, се случи на еден прием во 1979 година во Источен Берлин.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Spiegl/S.Simon
Папата ја бакнува земјата
Папата Јован Павле Втори го пропатува целиот свет. Секоја држава која ја посети, тој ја поздрави со бакнеж на земјата. Сеедно дали имаше прашина, асфалт или кал, како во 1986 на островот Фиџи (на фотографијата), тој секогаш на државата-домаќин ѝ оддаваше почит на овој начин. Шегаџиите велеа дека папата ја бакнува земјата само зашто е среќен што излегол од авионот жив и здрав.