1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УНИЦЕФ: Има опасност од „загубена Ковид-генерација“

ЕМФ | агенции
20 ноември 2020

УНИЦЕФ предупредува дека рестрикциите во време на пандемија, кои се однесуваат и на децата и младите, може да доведат до „загубена Ковид-генерација“.

Symbolbild Bus Coronavirus Masken Mund-Nasen-Schutz
Фотографија: Andreas Arnold/dpa/picture alliance

Поради многуте корона-рестрикции во медицинската и социјалната сфера, од кои се опфатени и младите, УНИЦЕФ на Светскиот ден на правата на децата предупредува од опасност од „загубена Ковид-генерација“. Секоја деветта инфекција со коронавирус во светот е инфекција на дете. Прекинот на важни услуги е најголема закана за децата, изјави директорката на УНИЦЕФ, Хенриета Форе. „Колку подолго трае кризата, толку поголемо е влијанието врз образованието, здравството, исхраната и благосостојбата на децата. Иднината на цела една генерација е во опасност“, предупреди Форе.

Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Mohammed

Во околу една третина од 140 земји кои биле предмет на истражување, се намалил бројот на децата кои добиле одредени медицински услуги и третмани, како вакцини или амбулантно лекување, а намалени се и посетите од социјални работници. Причина за тоа е стравот од зараза.

Како да разговарате со децата за коронавирусот?

01:17

This browser does not support the video element.

Се’ уште околу 265 милиони деца не добиваат оброк на училиште, а секој трет ученик на светот, односно околу 572 милиони деца, е лично погоден од мерките на затворање на училиштата.

УНИЦЕФ проценува дека 6 до 7 милиони мали деца, пред се’ во Африка и Јужна Азија, страдаат од потхранетост, што значи зголемување од околу 14%. Се проценува дека 150 милиони деца до средината на 2020 година паднале во „повеќедимензионална сиромаштија“.

Последиците од рестрикциите во време на пандемија, според УНИЦЕФ, може да бидат разорни. „Со прекинот на животно важни услуги и се’ поголемата потхранетост, во наредните 12 месеци би можеле да умрат два милиона деца, а бројот на мртвородени да се зголеми на 200.000“, предупредува УНИЦЕФ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми