1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекорд во носење кригли со пиво

ЖА
4 септември 2017

Оливер Штримпфел го собори својот сопствен и постави нов рекорд во носење кригли со пиво - успеа со 29 кригли.

BdT Weltrekord im Maßkrugtragen Oliver Strümpfel
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Balk

Во Гиламос во покраината Баварија, Оливер Штримпфел го собори својот досегашен рекорд од 2014. година од 25 кригли, поставувајќи нов, со носење 29 кригли со пиво. Вчера, 03.09, беа планирани два обида, уште во првиот тој успеа да носи 27 полни кригли со пиво, во вториот обид тргна со 31 кригла, по пат една му падна, од една се истури повеќе од 10 проценти од пивото, па на целта однесе и беа изброени 29 кригли тешки вкупно околу 70 килограми. Беше присутен и нотар, за официјално да го потврди поставувањето на рекордот. Штримпфел редовно тренирал изминатите месеци, по неколку часа дневно.

Светски рекорд во носење кригли со пиво

02:09

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми