1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светско првенство и економија - очигледна поврзаност

Андреас Бекер / Александар Методијев16 јули 2014

По победата на Германија на Светското фудбалско првенство земјата е во фудбалска треска - а, во неа се и економистите и бизнисмените. Но, не секоја поврзаност меѓу спортот и економијата има смисла.

Фотографија: picture alliance/dpa

Не е за изненадување што производителот на спортска опрема „Адидас“ продава многу дресови по победата на Германија на Светското првенство. Веројатно фирмите за гелови за туширање, хартиени шамивчиња или, пак, на млечниот производ кварк наоѓаат повеќе купувачи ако нивните продукти се рекламираат во поврзаност со Светското фудбалско првенство. И покрај тоа, акциите на „Адидас“ од почетокот на годинава загубија 20 проценти од вредноста, а по успехот во Рио германскиот берзански индекс не покажува некаков голем пораст.

И покрај тоа одредени германски медиуми се трудат да направат поврзница меѓу успехот на Мундијалот и состојбата во целата нација или економијата. Бизнисмени како шефот на „Фолксваген“ Мартин Винтеркорн го анализираат тимскиот дух како фактор за успех: „Заедно сме посилни отколку да сме сами - оваа порака може со сигурност секој бизнисмен да си ја запише во нотесот“.

Но, колкаво е економското влијание од победата на некое првенство може да се види од примерот на Шпанија. Нејзината репрезентација стана европски шампион во 2008 и 2012 година, а светски првак во 2010 година. Оттогаш шпанската економија е во пад, а невработеноста се искачи на рекордни нивоа. Притоа да се заклучи дека фудбалските успеси и’ наштетиле на Шпанија е исто толку погрешно колку што да се очекува од германскиот успех да придонесе за конјунктурата.

„Адидас“ веднаш произведе дресови со четири ѕвезди, кои ги симболизираат четирите победи на Светските првенства, и веднаш ги распродадеФотографија: picture-alliance/dpa

„При вакви поврзаности се работи за тоа невистините корелации. Тоа значи дека работите навистина се случуваат истовремено, но не се причински-последично поврзани меѓу себе“, објаснува Холгер Бар, економист во „Декабанк“. Тој иако е фудбалски фан, сепак смета дека нема директна поврзаност меѓу перформансите на фудбалскиот тим и економијата на земјата.

„За тимовите кои не се домаќини на некое Светско првенство реалните економски фактори се многу ограничени, ако се тргне настрана потрошувачката на сладолед или пиво, или продажбата на дресови. Кога на почетоко на агуст ќе погледнеме на изводот од плата, ќе видиме дека тој е речиси ист како во јули. Исто е и со претприемачите кои инвестираат и бараат идна потрошувачка - и тие потоа ќе заклучат дека светот значително не се променил“, вели Бар.

На германската економија и потрошувачка и’ оди добро и без победа на Светско првенствоФотографија: picture-alliance/dpa

Германската влада останува воздржана по успехот на германскиот тим во Бразил, барем кога станува збор за економските изгледи. „Засега останува се’ според нашите прогнози“, порачаа од сојузното Министерство за економија. И Друштвото за истражување на потрошувачката (ГфК) го рангира како многу ниско влијанието на фудбалската еуфорија врз портошувачкото расположение на Германците. За економистот Бар ова не е за изненадување, ама истовремено и не премногу значајно.

„Во економска смисла на Германија во моментов и оди добро. Имаме многу ниска стапка на невработеност и завидно силен пазар на труд“, вели економистот.

Фудбалот вообичаено не е одговорен за заживување на една цела национална економија, но сепак неговото влијание преку потрошувачката на одредени производи и не е за занемарување.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми