1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Schweinegrippe Stichwort

26 октомври 2009

Вирусот на свински грип на 25.04.2009, од страна на Светската здравствена организација беше категоризиран како вирус со здравствен ризик на меѓународно ниво. На 11 јуни 2009 беше прогласена пандемија на свински грип.

Вирусот на свински грипФотографија: dpa

Свинскиот грип е сосема нормална болест на дишните патишта. Инфлуенцата е кај свињите исто толку вообичаена како и кај луѓето. Заразите се чести, смртните случаи релативно ретки. Предизвикувачот, кој за првпат се појави во Мексико, е нова варијанта на класичниот свински грип. Тоа, всушност е животинска болест, од која заболени има и меѓу луѓето, доколку тие дојдат во директен контакт со заболеното животно. Новата варијанта на свинскиот грип, според наводи на Светската здравствена организација, е новонастаната варијанта на вирусот од типот H1N1. Овој вирус може да го има како кај луѓето, така и кај свињите и кај птиците. „Инфлуенца А (H1N1)“ е научниот опис на новиот предизвикувач на болеста.

Вакцината-заштита од грипотФотографија: dpa

Што го прави вирусот на свинскиот грип толку опасен?

Вирусот се пренесува од човек на човек. Како и сите други вируси на грип и тој се менува постојано. Доколку свињите истовремено се инфицирани со вируси од свињи, птици и луѓе, гените во нивното тело можат да се разменат. Новиот вирус, како што се чини, содржи генетски компоненти на различни вируси на грип. Освен тоа, вирусот може да се пренесува и од човек на човек, а не само од свињи на луѓето, што предизвикува инфекција.

Симптомите при заразувањето со вирусот на свински грип се слични како и оние кога станува збор за нормален грип - треска, умор, губење апетит и кашлање. Освен тоа, некои пациенти имаат и болки во грлото, гадење и пролив. Вирусот се пренесува пред се‘ преку т.н. инфекција со капки. Тоа значи дека вирусот се наоѓа во плунката, или во други секрети од телото. При зборување, или кивање тие можат да се пренесат на друго лице. Потоа вирусот преку слузницата може да навлезе во телото.

Автор: Ајари Хамзеласи / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми