1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Свиркач: сакан, омразен, незаштитен

Матијас фон Хајн/сн27 април 2016

Откако во 2014. беа обелоденети податоците за затајување данок во аферата „Луксликс“, пред суд се најдоа одговорните, но сега на исто место се наоѓаат и оние кои тоа го пријавија, укажувачите или т.н „свиркачи“.

Фотографија: LVDESIGN - Fotolia.com

Свиркачите ни се на сите потребни. Доволно е само да се потсетиме на најголемите скандали од поново време: Панамските-документи со кои е откриен софистицираниот систем за прикривање на често илегално стекнато богатство. Свиркачот Едвард Сноуден го откри обемот на електронското шпионирање на американската тајна служба НСА. Преку Челзи Менинг и Викиликс дознавме са масовното кршење на човекови права од страна на САД. Колку нивните информации беа бесценети за светската јавност, толку е висока цената која свиркачите ја плаќаат за својата храброст: Челзи Менинг е на отслужување 35-годишна затворска казна, Едвард Сноуден е во егзил во Русија, основачот на Викиликс Џулијан Асанж живее во амбасата на Еквадор во Лондон.

Откриен скандал, медал, губење на работа

И во Германија луѓето покажуваат цивилна храброст, откриваат корупции или затајување данок. За укажување на таквите работи од јавно значење не добиваат награди, напротив. Еве неколку примери за тоа: возачот на камион Мирослав Штрекер ја извести полицијата за транспорт на расипано месо. Така во јавноста изнесе еден од најголемите скандали, а во 2007. година од тогашниот министер за земјоделство Хорст Зехофер дури доби и златна плакета за цивилна храброст. И покрај тоа ја загуби работата. Андреа Фукс, која тргува со хартии од вредност, досега против својот поранешен работодавач, ДЗ-банката, водеше повеќе од 20 парници. Позадината е инсајдерско тргување во голем стил, во кое беа вмешани нејзините шефови од банката. Фукс му се спротистави на илегалното работење и поради тоа беше отпуштена од работа.

Фотографија: DW/M. Bierbach

Меѓутоа, врз оние кои се спротиставуваат да учествуваат во махинации, притисок не се врши само во приватниот сектор, туку и во јавните служби. Ревизорот Ервин Бикслер во 2002. година обелодени дека службата за вработување систематски ги разубавува статистиките. Поради тоа, тогашниот шеф на Бирото за вработување, Бернхард Јагода, мораше да поднесе оставка. Самиот Бикслер беше исложен на голем мобинг, се разболе и беше пензиониран.

Дискредитирани, наклеветени, оцрнети

Особено груб беше односот на даночната управа на покраината Хесен кон четворицата успешни истражители за затајувањето данок. Тие во 2011 година не допуштија да им се ремети работата и да се попречува истрагата која ја водеа. Поранешниот истражител за затајување данок Рудолф Шменгер до денес се бори за сопствената рехабилитиција. Дури во минатиот декември процесот беше завршен во негова полза.

Добитникот на меѓународната „награда за свиркачи“ за 2009 година во интервју за ДВ говори за скандалот кој трае до денес: „ Морате да замислите дека е отворено тајно досие, дека е конструирана дисциплонска постапка, дека преку фалсифукувани извештаи се обидоа да ме прогласат за прихијатриски случај.“ Заклучокот на Шменгер е мрачен: „ Мораме да заклучиме дека инсајдерите кои во јавноста сакаат да изнесат злоупотреби во нашата земја немаат заштита. Тие се дискредитираат, клеветат, оцрнуваат и остануваат без работа“.

Анегрет Фалтер е претседателка на мрежата на свиркачи. Во интервју за ДВ разочарано изјави: „Интересот на државата нејзините службеници да чуваат бизнис тајни и интересот на компаниите да ги штитат своите бизнис тајни се се секогаш спроставени на интересот на цивилното општество. Затоа перфектна заштита за свиркачите нема да има“, смета Фалтер. Таа, меѓутоа, укажува дека во многу змеји свиркачите се законски заштитени. Во САД и покрај заштитата која е предвидена со закон, администрацијата на Барак Обама поостро се однесува кон свиркачите за разлика од сите предходни администрации.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми