СДСМ: Без политички договор, останува одлуката за бојкот
1 март 2013![Zugeliefert von Aleksandar Metodijev/DW am 16.12.2012](https://static.dw.com/image/16457985_800.webp)
Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешната посета на еврокомесарот Шефан Филe, рече дека лидерот на партијата Бранко Црвенковски ќе има средба со Филе, а за се она што ќе произлезе од сите средби очекуваат канцеларијата на Европската комисија да ја извести јавноста.
Тој повтори дека доколку не дојде до политички договор за излез кризата, СДСМ и Сојузот за иднината јасно го искажаа својот став, дека ќе одат на активен бојкот на локалните избори.
За предлогот од власта, рече дека тоа е апсолутно несериозно и потенцира дека нивната политичка подготвеност за дијалог ја искажале многу одамна и преку нивните позици околу нивните барања. Сега, смета, е крајниот момент премиерот да размисли и во интерес на два милиони луѓе и нивната иднина да донесе одлука која ќе биде во интерес на граѓаните и практично, со еден збор, да надвладее разумот во оваа ситуација.
Опозицијата денеска протестираше пред Министерството за финансии. Јовановски истакна дека се‘ она што се случи на 24 декември се случи за пари и побара да се престане со задолжување и со непродуктивно трошење.