1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ во потрага по најдоброто решение

ЖА/макфакс4 мај 2014

СДСМ издаде соопштение во кое вели дека на конгресот на 11 мај ќе го утврди најдоброто решение за партијата и во интерес на граѓаните, по одлуката за неприфаќање на мандатите на пратениците на последните избори.

Фотографија: Petr Stojanovski

СДСМ е одговорна политичка партија и на Конгресот на 11-ти мај ќе го утврди најдоброто решение за натамошното дејствување на партијата и во интерес на државата и во интерес на граѓаните на Република Македонија, се наведува во соопштението на партијата.

„Социјалдемократскиот сојуз е сериозна демократска партија којашто за 23- годишното постоење докажа дека поседува демократски капацитет за носење одлуки исклучиво во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Едногласно, Централниот одбор на СДСМ, на последната седница пред неколку дена, донесе одлука за неприфаќање на мандатите на пратениците од последниот изборен процес, поддршка на раководството на СДСМ да продолжи со активностите во насока на создавање услови за фер и демократски избори, како и одржување Конгрес на 11-ти мај, на којшто ќе се гласа довербата во телата на партијата“, пишува во соопштението на СДСМ.

СДСМ е уверена дека „членовите и поддржувачите на партијата ќе останат на висината на одговорноста што ја имаат како дел од најголемата опозициска партија и кон определеноста за заштита на интересите на државата и нема да влезат во сценаријата на Никола Груевски, кој на разни начини се обидува да го дефокусира вниманието од криминалниот багаж со кој влегува во формирање нова Влада“.

Централниот одбор на СДСМ пред четири дена едногласно ја потврдил одлуката на раководството на партијата за непризнавање на изборниот процес и ја прифати одлуката на Извршниот одбор за неприфаќање на мандатите на избраните пратеници од оваа партија во Собранието на Република Македонија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми