1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ и ДУИ ги распределија кадрите во новата влада

БГ
19 август 2020

Новата влада на СДСМ и ДУИ ќе биде без поголеми изненадувања, но со неколку освежувања и ротации на министерските функции. Двајца вицепремиери ќе добијат нови ресори и овластувања.

Nord-Mazedonien | Gebäude der Regierung in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Повеќе ротации, две нови вицепремиерски функции со специфични овластувања, и неколку нови имиња во владата која ќе ја предводи Зоран Заев во следните четири години. Највисоките партиски тела на СДСМ и ДУИ вечерва го аминуваа вчерашниот лидерски договор и ги потврдија кандидатите за државни функции во новата влада.
Поголеми изненадувања нема. СДСМ ги ротира досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров во секторот евроинтеграции, Мила Царовска во образование, а досегашниот министер за земјоделство Љупчо Николовски ќе стане вицепремиер за борба против корупција. Со дипломатијата во следниот мандат ќе раководи Бујар Османи од ДУИ, а во земјоделство ќе седне кадар на Беса.

Досегашниот советник на Заев и преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ ќе ја замени Рената Дескоска во правда, а со културата ќе раководи поранешната пратеничка, историчарката Ирена Стефоска. Откако двата министерски ресори во економијата и финансиите отидоа во рацете на ДУИ, Крешник Бектеши и Фатмир Бесими, на вицепремиерската функција одговорен за економски прашања ќе заседне Фатмир Битиќи.
Нови имиња во предлозите на СДСМ се и Јагода Шахпаска која ќе раководи со труд и социјала, и Благој Бочварски во транспорт и врски.

Кај ДУИ, долгогодишниот пратеник Артан Груби ќе стане прв вицепремиер и министер за политички систем, а Насер Нуредини останува да раководи со министерството за животна средина. Партијата уште не одлучила кого ќе предложи за министер за информатичко општество.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми