1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ на 12 декември ќе бира нов лидер

ДТЗ
26 ноември 2021

Алтернатива има желба да стане дел од Владата, но конечната одлука ќе ја донесе Централното собрание. Партијата го овласти лидерот Африм Гаши да преговара со Заев.

Mazedonien Parteitag der Sozialdemokratischen Partei SDSM Zoran Zaev
Фотографија: DW/P. Stojanovski

СДСМ на 12 декември ќе бира нов лидер. Ваква одлука е донесена на Извршниот одбор во партијата, на која премиерот Зоран Заев ја потврди намерата да се повлече од двете функции - и како лидер на партијата и како прв човек на Владата. Ваквата можност тој ја најави на 31 октомври, по лошиот резултат на локалните избори во Северна Македонија. Оставката привремено беше ставена во мирување, поради обидот на СДСМ да формира стабилно мнозинство во парламентот. Одлуката на Заев за повлекување од челната позиција во партијата треба да се официјализира на Централниот одбор. 

СДСМФотографија: DW/P. Stojanovski

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири, пред почетокот на состаноците на раководните тела на партијата, рече дека ако се отвори постапка за избор на нов лидер, секој од СДСМ кој ги исполнува условите ќе може да се кандидира. Ставот на премиерот Зоран Заев е тој што ќе биде избран за нов лидер на партијата да биде и мандатар

На 12 декември треба да се одржи и Конгресот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на кој, исто така, ќе се бира лидер на партијата.

Гаши ќе преговара со Заев 

Претходно, по тричасовниот состанок Централното претседателство на Алтернатива го овласти лидерот на партијата, Африм Гаши да комуницира со премиерот Зоран Заев, како и евентуалниот нов мандатар, за да се види каков е нивниот концепт за излез од кризата. „Ќе ја слушнеме и нивната верзија и дали има волја за зедничка програма и дали владините партнери ќе се откажат од својата моќ за да има рамнотежа“, изјави по средбата портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани. Конечната одлука дали Алтернатива ќе влезе во Владата ќе ја донесе Централното собрание откако ќе имаат повеќе информации.

Африм Гаши и Зоран ЗаевФотографија: Petr Stojanovski /DW

Според Муртезани, на средбата било констатирано дека државата се наоѓа во длабока политичка и енергетска криза, поради што е разговарано за помошта која што партијата може да ја даде за откочување на оваа ситуација. „Треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот, за земјата да добие почеток на преговори со ЕУ“, вели партискиот портпарол.

Тој додаде дека Алтернатива не се води од апетитите за власт и земање на делови на власта. „Ги кажавме причините за да може да се отпочнат преговори, како тие ќе завршат не знаеме. Повеќе сакаме да зборуваме за начините како да излеземе од оваа криза отколку кои функции ќе ги добиеме“, вели Муртезани.

 

 

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми