1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ одлучува за враќање на мандатите

БГ/дв/макфакс30 април 2014

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден старо-нов премиер Никола Груевски ја смета одлуката на СДСМ за штетна за државата и за самата партија

Фотографија: picture-alliance/dpa

Одлуката на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) да ги врати пратеничките мандати е штетна за партијата, но и за целата држава.

Ова во средата на прес-конференција го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за актуелните случувања на политичката сцена.

СДСМ се уште има време да ја преиспита својата одлука додека Парламентот не почне со работа, рече Груевски. Централниот одбор на опозициската партија треба да се одржи вечерва после 18 часот, кога и дефинитивно ќе се знае дали СДСМ ќе ги прифати или не пратеничките мандати.

Дојче Веле утрово јави дека на синоќешната (29.04) седница на Извршниот одбор (ИО) на СДСМ била донесена одлука партијата да не поднесува приговори за нерегуларностите на гласањето. Причина за тоа е што сите досега поднесени, биле одбиени или занемарени. На истата седница била донесена и начелна одлука да се вратат 34-те освоени пратенички мандати во Собранието.

Никола ГруевскиФотографија: picture alliance/AP Photo

Веста попладнево ја потврди и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во изјава за Нова ТВ. Конечната одлука треба да биде донесена од Централниот одбор на партијата, каде лидерот на партијата Зоран Заев ќе побара поддршка за неприфаќање на 34 пратенички мандати што ги освои СДСМ на парламентарните избори.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми