1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ со „медиумска бомба“

ЕМФ /новатв/а1он.мк/фокус22 април 2015

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска ја објави 24-та т.н. „бомба“, која се занимава со медиумите и нивните врски со власта.

Фотографија: Petr Stojanovski

„Денеска го отвараме пакетот за поклопеноста од страна на медиумите, директната спрега на Груевски кон приватните медиуми, контролата што ја поставил кон јавниот сервис МРТВ, телевизиите Сител и Канал 5, чии газди се синови на коалициони партнери на Груевски“, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, додавајќи:

„Ќе видите до каде овие се подготвени да се свиткаат пред Груевски, пред сопственото елементарно достоинство само за да добијат бизнис. Ги спроведуваат нарачките преку уредниците на Сител - Драган Павловиќ Латас и уредничката на Канал 5 - Лидија Богатинова.“

„Ќе видите како оваа сурова власт се однесувала кон новинарите на А1, откако ја затворија телевизијата, како тие луѓе преку баци рака се примени во МРТВ. Ногата на власта нагазила длабоко во МРТВ“, рече Заев, најавувајќи ги снимките од наводните разговори.

Во првиот разговор, кој го објави Заев, се слуша како наводно премиерот Никола Груевски го бара тефтерот со листа на новинари кои треба да се примат во Македонската радиотелевизија. Според Заев, премиерот поставувал дописници во Вашингтон и Атина.

Лидерот на СДСМ, илустрирајќи ги своите наводи за „диктат на власта врз Сител и Канал 5“, денеска нагласи:

„Протуѓер бара од Стојменов да не објави анкета која не и одговара на власта, да се тргне интервју на Лидија Богатинова со Денко Малевски, Канал 5 да го преземе интервјуто на Нетпрес со Магаш, Протуѓер решил Латас да го награди со ексклузивка, за Ставрески, Миленко е тежок хохштаплер и треба да заврши во затвор, а Груевски нарачал и напишал текст против Орце Камчев.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми