1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ на 12 декември ќе бира нов лидер

ДТЗ
27 ноември 2021

По оставката, Зоран Заев останува активен член на СДСМ. Постапката за избор на нов претседател на партијата почнува утре и ќе трае седум дена.

Mazedonien Parteitag der Sozialdemokratischen Partei SDSM
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Социјалдемократите ќе бираат нов лидер па партијатана внатрепартиски избори на 12 декември, по одлуката на Централниот одбор да ја прифати оставката на досегашниот прв човек на партијата Зоран Заев. Постапката за кандидирање почнува утре и ќе можат да се кандидираат сите членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите. 

„Со поднесената оставка на претседателот Зоран Заев од челната функција, Централниот одбор одлучи дека е потребно да се почне постапка за избор на нов лидер. Изборите ќе се одржат на 12 декември, недела. Зоран Заев останува активен член на СДСМ по оставката“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Заев го промовирал Димитар Ковачевски како негов наследник, Кузевска рече дека се зборувало за квалитети на еден човек, а претседателот се бира на непосредни внатрепартиски избор.

Заев ги информирал членовите на Централниот одбор дека парламентарното мнозинство е стабилно, изнесува 61 пратеник, со можност да се зголеми дополнително во наредниот период. Централниот одбор на СДСМ смета дека има простор за разговори за приклучување на партијата Алтернатива и за тоа останува пренесената надлежност на претседателот на партијата Зоран Заев.

Централното претседателство на Алтернатива веќе го овласти лидерот на партијата, Африм Гаши да комуницира со премиерот Зоран Заев, како и евентуалниот нов мандатар, за да се види каков е нивниот концепт за излез од кризата. „Ќе ја слушнеме и нивната верзија и дали има волја за зедничка програма и дали владините партнери ќе се откажат од својата моќ за да има рамнотежа“, изјави по средбата во петокот портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани. Конечната одлука дали Алтернатива ќе влезе во Владата ќе ја донесе Централното собрание откако ќе има повеќе информации.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми