1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Крај на „Калифатот“ на ИД во Сирија

СН/ агенции
23 март 2019

Падна последниот бастион на џихадистичката милиција Исламска држава во Сирија. По повеќенеделни борби, Сириските демократски сили (СДФ) го освоија градот Багуз на границата кон Ирак.

Syrien Angriff auf IS Stellungen in Baghouz
Фотографија: Getty Images/AFP/G. Cacace

Сириските курдско-арапски демократски сили објавија денеска дека е ослободен последниот дел од територијата под контрола на „Исламска држава“ во источниот сириски град Багуз и прогласија победа над екстремистите и крај на нивниот самопрогласен калифат.

„Багуз е слободен и е остварена воена победа над Даеш“, напиша на Твитер Мустафа Бали, портпарол на Сириските демократски сили (СДФ) кои ги поддржуваат САД, користејќи ја арапската кратенка за групата Исламска држава.

Портпаролот прогласи стопроцентен пораз на Исламска држава.

Бали рече дека таканаречениот калифат кој некогаш се протегаше на 88.000 квадратни километри преку поголемиот дел од Сирија и од соседен Ирак исчезна и вети оти Сириските демократски сили ќе продолжат да се борат против остатокот од екстремистичката група се' додека не биде целосно искоренета.

Повеќе:

-ИД не е целосно победена

-Европски Гвантанамо: Што да се прави со европските ИД-борци?

-Одземање пасоши на германските ИД-борци

И покрај загубата на територии оваа група и натаму се гледа како голема безбедносна закана способна да организира напади во регионот и ширум светот.

Сириските демократски сили, сојуз на арапско-курдските борци тргнаа во својот последен напад на Исламска држава на почетокот на март, а останатите екстремисти се повлекоа во градот Багуз во источна Сирија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми