1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Себастијан Курц на чекор до нов премиерски мандат

БГ
29 септември 2019

Австриските конзервативци освоија мнозинство гласови на предвремените парламентарни избори во земјата, но на нивниот 33-годишен лидер ќе му биде потребен коалициски партнер за повторно да владее со земјата.

Österreich Wien Parlamentswahl Kurz
Фотографија: Getty Images/M. Gruber

Себастијан Курц е на пат одново да застане на чело на австриската влада откако неговата партија однесе победа на неделните предвремени парламентарни избори, откако корупциски скандал го урна неговиот претходен кабинет.
Народната партија на Курц освои 37 отсто од гласовите, речиси шест проценти повеќе од претходните избори пред две години, но недоволно за самостојно да формира влада, според прелиминарните резултати од изборите.
Поранешните коалициски партнери на Курц, десничарската Слободарска партија се најголемите губитници на изборите, забележувајќи пад од 10 процентни поени во однос на изборите пред две години. Партијата се уште ја тресе „Ибица скандалот“поради кој падна и владата.
Најголеми добитници се Зелените, кои стигнаа до 14 отсто од гласовите.
Според аналитичарите, тие се и најверојатните партнери на Курц во новата влада. Лидерот на Зелените Вернер Коглер сепак, ја услови соработката со „радикална промена“ во десничарските политики кои ги спроведуваше претходната влада на Курц.
Социјалдемократите веројатно ќе го забележат најлошиот резултат во историјата со освоени 22 отсто од гласовите. Излезноста на изборите беше околу 64 проценти.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми