1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја му помага на Асад за хемиското оружје?

ЕМФ / дв
28 февруари 2018

Северна Кореја со години се обидува да се етаблира како опасна атомска сила. Попатно, веројатно се занимава и со извоз на стока неопходна за производство на хемиско оружје.

Syrien Ost-Ghuta leere Raketenhülse
Фотографија: Getty Images/AFP/H. Mohamed

Северна Кореја на сириската влада ѝ доставувала стока која може да се употреби за производство на хемиско оружје, како плочки отпорни на киселина, вентили и термометри, пишува „Њујорк Тајмс“ повикувајќи се на извештај на иследници на Обединетите Нации. Плочките пронајдени во бродови, според експертите, биле доволно за да се поплочи површина од околу 5000 метри квадратни, односно доволно за да се изгради индустриска постројка. Освен тоа, во познатите сириски постројки за хемиско оружје и ракети се видени севернокорејски ракетни техничари.

Извештајот на ОН е напишан од експерти надлежни за надзор на санкциите против Северна Кореја. Производите за кои се зборува во извештајот биле дел од околу 40 пратки кои од Северна Кореја стигнале во Сирија во периодот од 2012 до 2017 година, пишува „Њујорк Тајмс“. „Последно што ни е потребно во Сирија е повеќе оружје, а не дај боже хемиско оружје“, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик. Тој не се осврна конкретно на извештајот во весникот. Дипломатите сметаат дека извештајот на ОН на околу 200 страници ќе биде објавен на средината од март.

Повеќе:

Макрон ѝ се закани на Сирија со воздушни напади

Руско вето за истрагата за напади со хемиско оружје во Сирија

Сирија го уништи своето хемиско оружје во август 2013 година, откако беше извршен меѓународен притисок по напад со отровниот гас сарин во бунтовничкиот регион Источна Гута. Иследниците на ОН и на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) ја обвинуваат владата во Дамаск за друг напад со сарин во местото Чан Шејшун во април 2017 година. Освен тоа, активистите ѝ префрлаат на сириската армија дека повеќепати бомбардирала употребувајќи хлор. Сириската влада постојано ги отфрла сите обвинувања.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми