1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја повторно тестирала ракети со долг дострел

ЖА
13 септември 2021

Северна Кореја соопшти дека тестирала нови крстосувачки ракети со долг дострел, кои по погодокот на целта на 1500 километри оддалеченост паднале во територијалните води на земјата.

Nordkorea testet Marschflugkörper
Фотографија: KCNA/REUTERS

Академијата за одбранбени науки тестовите ги извршила на викендот, објавија државните медиуми, според кои станува збор за „стратешко оружје од големо значење“. Набљудувачите сметаат дека Северна Кореја со оваа формулација алудира на можноста и потенцијалот на новите крстосувачки ракети да бидат користени и со атомско полнење. Тестовите се изведуваат во време на пандемија на коронавируси економска криза во земјата

Јужна Кореја не го потврди тестот во соседната земја, која поради својата атомска програма е речиси целосно изолирана. Јужнокорејскиот Генералштаб соопшти дека се врши проверка на наводите од Пјонгјанг во соработка со САД. 

ОН со резолуции и забранија на Северна Кореја да врши тестирање на балистички ракети, кои можат да носат нуклеарни глави, но тестовите со крстосувачки ракети не подлежат на санкциите против земјата. За разлика од балистичките ракети, крстосувачките ракети располагаат со перманентен сопствен погон. Пјонгјанг тврди дека тестираните ракети се наоѓале во лет над копното и водите на земјата околу два часа и ја погодиле целта на 1500 километри оддалаченост. Новите ракети биле плод на двегодишна развојна работа. 

Балоните кои го разбеснуваат Ким

01:10

This browser does not support the video element.

Најновите севернокорејски тестирања на оружје, како и порано, се случуваат по заедничките воени маневри на војската на САД и на Јужна Кореја, кои завршија на 26 август, а кои Пјонгјангостро ги критикуваше.

Преговорите меѓу САД и Северна Кореја околу нејзината атомска програма веќе двеипол години стојат на мртва точка. Во февруари 2019 година,  самитот на тогашниот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун во Виетнам доживеа неуспех. На партиски когрес на почетокот од годинава, Ким најави дека неговата земја ќе ја засилува одвратувачката одбранбена способност против напад од надвор со развој на ново оружје, вклучувајќи и интерконтинентални ракети.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми