1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одбиено барањето за посета на осудените за „Диво насеље“

ДТЗ
16 декември 2021

Барањето е спротивно на законите, кои дозволуваат посета на затворот од страна на конзуларни преставници, но не и на владини претставници на странска држава.

Nord-Mazedonien Gefängnis Idrizovo in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Косовскиот заменик министер за правда, Блерим Салаху, утре не ќе може да ги посети во „Идризово“ затворениците осудени за случајот „Диво насеље“. Ваква одлука донесе Управата за извршување санкции која смета дека барањето е спротивно на законските одредби од Законот за извршување санкции. 

Според член 199 од законот, посета на странски осудени лица може да биде извршена само од конзуларен претставник, но не и од владин претставник на странска држава. Со оглед на тоа дека барањето за посета е од страна на Салаху, тој како заменик-министер не ќе може да влезе во затворот. Но, доколку барање испрати косовската амбасада во Скопје за нивен претставник да ги посети осудениците, тоа барање ќе биде дополнително разгледано. 

Од Министерството за правда ја потврдија информацијата преку соопштение во кое се наведува дека во согласност со член 199 став 1 и 2 од Законот за извршување на санкциите, осудените лица-странски државјани кои издржуваат казна затвор во казнено-поправните установи во Северна Македонија, можат да бидат посетувани од конзуларен претставник, сообразно со правилата на меѓународното право, под услови на реципроцитет.

„Конзуларниот претставник е должен претходно да ја најави и закаже посетата во установата во која лицето ја издржува казната затвор. Управата за извршување на санкции на косовскиот заменик-министер за правда може да му дозволи посета на КПД Идризово, но не и на осудени лица“, се наведува во соопштението.

Амбасадата на Косово во Скопје, преку МНР, деновиве испрати барање во петок да ги посетат 17-мината затвореници, косовски државјани, коишто беа уапсени на 9 мај 2015 година. Посетата била на барање на косовскиот заменик министер за правда, Блерим Салаху, кој и претходно беше најавено дека сака да го посети затворот. Ваквата најава следеше откако медиумите на албански јазик деновиве пренесоа дека на пленарна седница на Собранието на Косово било расправано околу прашањето некои од членовите на „кумановската група“ да се вратат во Косово и таму да ги доиздржат своите затворски казни.

Косово вчера најави дека ќе дадат целосна поддршка во случај на меѓународна истрага и вклучување на надворешни експерти за да се откријат сите околности кои што се однесуваат на случајот „Диво насеље“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми