1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Севиља стигна до третиот европски пехар

АТ/ миа15 мај 2014

Екипата на Севиља во своето трето финале успеа да го освои и третиот пехар во европските натпреварувања. Бенфика ја продолжи лошата серија.

Фотографија: Reuters

Екипата на Севиља во своето трето финале успеа да го освои и третиот пехар во европските натпреварувања.

Шпанскиот тим Севиља во финалето од Лига Европа беше поуспешен од португалска Бенфика по изведувањето на пеналите.

Во регуларниот дел натпреварот заврши без голови 0:0, а истиот резултат беше и по дополнителните 30 минути, иако и двете екипи имаа шанси за постигнување голови. По изведувањето на пеналите Севиља славеше со 4:2.

Головите за победникот ги постигнаа: Бака, Мбиа, Коке и Ганиеро, додека за поразениот тим стрелци беа: Лима и Луисао.

Непрецизни во изведувањето на пеналите беа Кардозо и Родриго кај Бенфика. Севиља првите два пехари ги освои во 2006 и 2007 година.

Бенфика, која и лани беше финалист во ова натпреварување остана со два пехара (Куп на шампионите), но ја продолжи лошата серија и во осмото европско финале не успева да победи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми