1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Седиштето на ОН во Кенија

21 јануари 2004
Германскиот канцелар Герхард Шредер денеска на крајот од неговиот престој во Кенија ќе го посети и главното седиште на Обединетите Нации за заштита на животната срдина, каде ќе се сретне со шефот Клаус Тепфер. При разговорите Шредер сака од поранешниот германски министер за заштита на животната средина да биде известен за состојбата на овој план на континетот. Канцеларот сака на срдбата да се разгледа и можноста за понатамошна соработка во областа на заштита на животната средина и да апелира за поддршка за конференцијата за обновливи енергии што треба да се оддржи во јуни во Бон. Работата на оваа служба за заштита на животната средина на ОН ја претставува Вим Доренбуш:

По Њујорк и Женева главниот град на Кенија е едно од најголемите и најважните седишта на ОН. Местото каде се наѓаат модерните бироа наликува на парк, се наоѓа на северозападниот дел од Најроби. Шеф на службата за заштита на животната средина при ОН и воедно директор на ОН за Кенија е Клаус Тепфер. Поранешниот министер за заштита на животната средина во Гермнија, функцијата во Најроби ја презеде пред 5 години и како ниеден од неговите претходници на организацијата за заштита на животната средина и даде остар профил.

Оваа организација која беше основана 1972 година на почетокот беше исмеана - но денеска важи - не само благодарејќи на Тепфер - како свест за животната срдина во светското општество. Организацијата се ангажира во борба против ефектот на стаклена градина и заштита на озонскиот слој, таа исто така се залага за заштита на посебните видови и биолошкиот диверзитет, се труди да постои контролирана употреба на пестицидите и хербицидите и при воените конфликти внимава на заштитата на животната средина. Од Најроби произлегоа повеќе од 100 мултилатерални договори. Во органиацијата моментно работат повеќе од 800 соработници во кенискиот главен град и во канцелариите во Европа, Азија и Америка. Наспроти сето ова Клаус Тепфер мора да излезе накрај со скромен годишен буџет од 100 милиони евра. Меѓу донаторите, Германија со пет и пиол милиони евра годишно се наоѓа на второ место веднаш зад Велика Британија.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми