1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Секое петто дете во светот живее во регион на војна и хаос

Мара Бирбах
15 февруари 2019

420 милиони деца во светот живеат во конфликти подрачја. Особено е драматична состојбата на Блискиот Исток и во Африка, констатира организацијата „Спасете ги децата“.

Jemen 2016 Kind von Binnenflüchtlingen bei Sanaa
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/H. Mohammed

Бројот на деца кои живеат во конфликти региони е застрашувачки голем и во последните две децении е во постојан пораст. Над 420 милиони деца во 2017 година живееја во региони каде има конфликти - речиси секое петто дете во светот. До вакво сознание доаѓа студијата на хуманитарната организација „Спасете ги децата“ и Институтот за истражување на мирот во Осло (ПРИО).

„Спасете ги децата“ како конфликтно подрачје го дефинира регионот од радиус од 50 километри на локација каде во дадената година имало најмалку една вооружена борба. Деца, според дефиницијата на хуманитарната организација, се лица под 18-годишна возраст.

Број на деца кои живеат во конфликтни подрачја (во милиони)

„Секојдневно се убиваат или сакатат деца, тие се регрутирани од страна на вооружени групи, киднапирани се или се жртви на сексуално насилство. Освен тоа, напаѓани се нивните училишта и им се ускратува хуманитарна помош“, соопшти организацијата „Спасете ги децата“.

„Иако денес во вооружени конфликти живеат толку многу деца како никогаш досега, страдањето на овие деца често останува незабележано“, оцени за ДВ Мајке Рибау од „Спасете ги децата“.

Повеќе:

Сирија - најопасното место за деца

Во конфликтите свесно се жртвуваат деца

Денес во конфликтни подрачја живеат двојно повеќе деца отколку во времето на Студената војна, оценува организацијата. Во Африка и Блискиот Исток состојбата е особено драматична. Таму живеат 25, односно 40 проценти од сите деца во конфликтни региони.

Многу деца во региони каде владеат војни страдаат од глад (Мајка со дете во Јемен, 6.10.2018)Фотографија: Reuters/K. Abdullah

Според Мајке Рибау, децата често намерно се користат како мета. „За жал, свесното убивање деца се користи како воена тактика, која често е многу ефективна, затоа што се знае дека на тој начин противникот може многу да се ослабне.“

Затоа, „Спасете ги децата“ бара поостри контроли и санкции против актерите кои го прекршуваат меѓународното право, пред сѐ правата на децата. „Децата и цивилите никогаш не смеат да бидат мета на напад“, нагласува Сузане Кригер, раководителка на организацијата во Германија. „Извршителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата и ние мора да сториме сѐ за децата да бидат подобро заштитени.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми