1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Секој втор Германец размислува да го напушти Фејсбук

БГ
26 март 2018

Скандалот со злоупотребата на личните податоци на Фејсбук ги замисли корисниците во Германија. Речиси половината од испитаниците во анкетите велат дека размислуваат да ја напуштат социјалната мрежа

Facebook Mobil Smartphone
Фотографија: dapd

Од страв за безбедноста на личните податоци, секој втор корисник на социјалните мрежи во Германија размислува за нивно напуштање. Тоа го велат резултатите од анкетата на Институтот Емнид објавени во повеќе германски медиуми.

Од испитаниците, 49 отсто веќе размислувале за тој чекор. Меѓу нив, 53 проценти од мажите би се одлучиле на ваков чекор, и 44 проценти од жените. Освен Фејсбук, ваквата одлука се однесува на Инстаграм и на Твитер.

Она што особено загрижува е дека 60 проценти од испитаниците во Германија сметаат дека Фејсбук и другите социјални медиуми имаат негативно влијание врз демократијата.

Во слично истражување спроведено викендов во САД, нешто помалку од половината испитаници очекуваат Фејсбук да почне да ги почитува американските закони за заштита на податоци.

Кои земји имаат најмногу Фејсбук корисници

Фејсбук се најде на удар на јавноста по откривањето на скандалот со британската фирма Кембриџ Аналитика, која успеала да собере лични податоци од над 50 милиони приватни профили на социјалната мрежа, и истите да ги користи во анализи за предизборни кампани, во прв ред, во САД, но и во други земји.

Германската министерка за правда Катарина Барли денеска ги повика на разговор претставниците на Фејсбук во Европа и најави дека од нив ќе бара објаснување дали германските корисници биле погодени во скандалот и што ќе се стори за нивна заштита во иднина. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми