Секој кажа што може да прифати
22 август 2008Реклама
Нимиц побара повеќе време за решавање на спорот меѓу Атина и Скопје за името. Запрашан дали денеска во Солун, и вчера на средбите со македонскиот државен врв во Скопје, презентирал некаков предлог, американскиот дипломат одговори дека работите сеуште не се конкретизирани и дека со конкретен предлог ќе излезе кога ќе смета дека е потребно.
На новинарско прашање дали освен за името се разговара и за други теми, медијаторот одговори: „Поставени беа и други прашања, кои би ги нарекол периферни„. Грчкиот преговарач Василакис изјави дека тој лично е оптимист и оти ако двете страни покажат конструктивност може да биде најдено решение за проблемот. Прашан дали Грција ќе стави ново вето и за членството на Македонија во ЕУ, Василакис се повика на изјава на премиерот Костас Караманлис во врска со тоа прашање: „Видете што кажа и ќе го најдете одговорот на тоа прашање“, рече Василакис.