1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Секој петти Германец не е Германец

26 септември 2011

Во Германија се‘ повеќе луѓе се со странско потекло. Во изминатата година, речиси секој петти жител во земјата имал странски корени. Тие се во просек помлади, често самци и полошо квалификувани од мнозинството граѓани.

Deutschland Einwanderung Symbolbild
Фотографија: Becky Stares/Fotolia.com

Сојузниот завод за статистика, со седиште во Визбаден, денеска (26.09) соопшти дека во Германија 15,7 милиони луѓе имаат странски корени, или цели 600.000 повеќе отколку во 2005 година. Од нив две третини се доселиле, а една третина се родиле во Германија. Мнозинството од овие луѓе - 8,6 милиони, има германски пасош. Најмногу има луѓе со турско потекло - 14 проценти.

Луѓето од доселенички семејства се во просек 35 години стари, или за цели 11 години помлади од просекот на останатите граѓани во земјата. Тие често имаат полоши квалификации од останиот дел на населението, што ги влошува нивните шанси на пазарот на работна сила. Луѓето со миграциско потекло се двапати почесто без работа од останатите, а тоа ја зголемува опасноста од сиромаштија.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: Горан Чутаноски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми