1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е против кого во Еврогрупата?

Б. Ригерт/З.Ј.12 јули 2015

Еврогрупата длабоко поделена: треба ли Грција да добие уште една шанса? Едни се за, други претпочитаат грекзит. Која земја кон која страна припаѓа во овој спор?

Фотографија: Reuters/Y. Behrakis

Можно ли е Грција да ја напушти еврозоната за период од пет години? Со тоа прашање германското министерство за финансии предизвика силни дискусии во Брисел, иако не е потврдено дека за него воопшто станало збор на средбата на министрите за финансии на Еврогрупата. Но, тој документ покажува дека Германија е подготвена да го прифати излегувањето на банкротираната Грција и да ги организира можните последици. Со тоа министерот за финансии Волфганг Шојбле недвосмислено се стави на страната на застапниците на тврда линија во Еврогрупата, кои откако ги квалификува како недоволни реформските предлози од Атина, сега сакаат да биде направен тврд засек.

Расцеп во Еврогрупата - кој каде припаѓа?

Таборот на застапниците на тврдата линија го сочинуваат околу десет држави. Покрај Германија, во него спаѓаат и Финска, Холандија, Словачка и други евроземји. Словачкиот министер за финансии Петер Казимир сосем отворено вели дека го смета излегувањето на Грција од еврозоната за подобро решение. „Денес нема да има спогодба, преговори за да се издејствува трет пакет за помош за Грција“, рече тој спроти самитот на шефовите на држави или на влади од еврозоната.

Финскиот министер за финансии Александер Стуб ги оценува како минимални шансите за давање мандат за преговори со Грција за трет пакет со обем од повеќе од 80 милијарди во наредните три години. Нему му се врзани рацете, оти парламентот во хелсинки ги смета за недоволни реформските планови на Грција. Деснопопулистичкиот владин коалиционен партнер „Вистински Финци“ стриктно отфрла давање натамошни милијарди на Грција. Во меѓувреме тоа е позиција на многу партии во Финска, што беше видливо уште во предизборната кампања за парламентарните избори одржани во април годинава.

Францускиот и германскиот министер за финансии, Сапан и ШојблеФотографија: picture-alliance/dpa/O. Hoslet

Италија и’ е лута на Германија

Наспроти таборот на противниците, е таборот на оние кои имаат разбирање за Грција и посредуваат во спорот, иако и тие немаат многу доверба во владата на Алексис Ципрас поради постојаното менување на нејзиниот курс. Италијанскиот министер за финансии Пјер Карло Падоан рече пред новинарите во Брисел дека има недостиг од доверба, па сепак би требало да се започнат преговори за трет пакет за помош. наводно италијанскиот премиер Матео Ренци има намера на самитот остро да го критикува наводната германска тврдокорност. „Доволно е доволно“, Грција не смее натамошно да биде понижувана, изјави Ренци во едно интервју.

И Франција се обиде последните недели да посредува. Владата во Париз се изјаснува за започнување преговори за трет пакет за Грција.

Растечка скепса во Брисел

И Комисијата на ЕУ во Брисел исто така постојано се обидува да изнајде некаков компромис. Во таа насока таа состави заедно со Атина различни листи на реформи, покачувања на даноци и преобразба на државата. Во меѓувреме и таа и’ го врти грбот на Грција, барем ако се суди според зборовите на заменик-претседателот на Комисијата Валдис Домбровскис: „Не изгледа дека Комисијата на ЕУ на крајот од денот ќе добие мандат за натамошни преговори со Грција“.

Жан Аселборн, министер за надворешни работи на Луксембург, во интервју за „Зиддојче цајтунг“ предупреди: Ако Германија се стреми кон грекзит, тогаш тоа ќе води кон тежок конфликт со Франција“. Ако се дозволи Грција да падне, ќе бидат ставени на коцка репутацијата и угледот на Германија во светот, смета тој.

Веќе нема доверба во Атина

Речиси сите министри бараа од грчката влада да поднесе докази дека навистина сака и може да ги спроведе реформите. Но, големо прашање е дали има уште време за тоа. Без изгледи за конкретна програма за помош, грчките банки не ќе можат ни во наредната недела да проработат. Стопанството се наоѓа непосредно пред колапс, предупредуваат економисти.

Трите институции (некогашната Тројка - н.з.) оценија дека на Грција и’ се потребни повеќе од 80 милијарди до крајот на 2018 година. Многумина министри за финансии беа изненадени од обемот на потребната помош.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми