1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Секој четврти Германец е со странско потекло

Томас Мајер (дпа)
2 август 2018

Во Германија никогаш досега немало толку многу луѓе кои имаат странски корени. Експертите не се изненадени.

Deutschland Symbolbild Bevölkerung schwarz rot gelb
Фотографија: picture-alliance/dpa

Речиси секој четврти граѓанин на Германија (23,6%) има странско потекло. Уделот на луѓето со мигрантски корени во вкупното население (19,3 милиони луѓе) е на највисоко ниво досега. Сојузниот завод за статистика во Визбаден соопшти дека бројот на граѓани со странско потекло во споредба со 2016 година е зголемен за 4,4%.

Како лице со мигрантско потекло се означува лице кое кога се родило немало германско државјанство, или без германски пасош бил барем еден родител. Зголемувањето на бројот на луѓе со мигрантско потекло минатата година се должи пред сѐ на зголемувањето на бројот на странците во земјата. Од населението во Германија, околу 51% се Германци, а 49% се граѓани со странски пасош. Во 2011 година нивниот удел беше 42%.

Експертите не се изненадени од новите бројки. Професорката Петра Бендел, која е експерт за интеграција и миграција, укажува дека по 2015-2016 година, кои беа исклучок, доселувањето од ЕУ-државите е повторно најголемо. „Со оглед на демокрафските промени, на Германија ѝ е неопходно доселување“, вели таа. Бендел потенцира дека закон кој би го регулирал доселувањето би бил важен „сигнал“.

„Економско лудило е да ги враќаме добро интегрираните и образовани луѓе, кои сами се издржуваат, затоа што Унијата (ЦДУ и ЦСУ, н.з.) и натаму блокира донесување модерен закон за доселување“, оценува заменикот шеф на либералите Волфганг Кубики за весникот „Билд“.

Раководителот на Здружението на работодавачи од металната индустрија, Оливер Цандер, објаснува: „Ситуацијата е дотолку поапсурдна што Германија сѐ уште не прави разлика меѓу азил, бегалци и доселување на стручњаци. За тоа ни е потребен закон.“

Од 19,3 милиони луѓе со странско потекло, најмногу - 2,8 милиони (14%) се со турски корени. 11 проценти имата полско, 75 имаат руско, 6% - казахстанско и 4% романско потекло.

Статистичарите првпат го имаат поставено прашањето за јазикот на којшто главно се зборува во домаќинствата. Од 24 милиони домаќинства со повеќе членови, во 10% се користи странски јазик. Најчесто е тоа турскиот јазик (17%). Доколку во домаќинството сите лица се со странско потекло, тогаш во 55% од случаите се зборува на друг јазик. Доколку пак само дел од членовите се со странско потекло, тогаш на странски јазик се зборува во 7% од случаите.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми