Сенатот на САД се уште не го ратификувал протоколот за НАТО
22 октомври 2019 Сенатот на САД синоќа гласаше за затворање на дискусијата по точката со која се предвидува ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Гласањето за ратификацијата во горниот дом на американскиот парламент е закажано за денеска во 18 часот по македонско време. Согласност за таа одлука уште во јули годинава даде и Комисијата за надворешна политика на Сенатот. Се очекува одлуката да биде поддржана со големо мнозинство гласови.
За Северна Македонија да стане полноправна членка на Алијансата неопходно е Протоколот да биде ратификуван во парламентите на сите 29 земји-членки, а на крајот и во македонското Собрание.
Поради закажаните избори во Шпанија, надежите на Скопје дека формалниот прием ќе се случи за време на самитот на НАТО во Лондон на почетокот на декември годинава не се остварија. Сегашните очекувања се дека тоа ќе се случи на почетокот на следната година, најверојатно во февруари.