Апсењето на осомничени десничарски екстремисти во Саксонија го разбуди сеќавањето на терористичката група НСУ. Безбедносните власти очигледно ја научија лекцијата од оваа катастрофа, коментира Марсел Фирстенау.
Реклама
Очигледни се паралелите меѓу терористичката група „Националсоцијалистичко подземје“ (НСУ) и здружението „Револуција Кемниц". И двете ги поврзува десно-екстремистичката ориентација и подготвеноста на насилство спрема луѓе. Кај првите тоа резултираше со десет убиства и три бомбашки напади со голем број тешко повредени. Слични злосторства или можеби уште пострашни можно е да беа спречени од безбедносните служби. Апсењето на шестмина осомничени во понеделникот беше крајна нужност бидејќи според сознанијата на полицијата имало конкретни планови за напади на денот на германското обединување, 3 октомври. Највоочливата разлика во однос на случаите со НСУ е одлучноста со која државните институции реагираат на можната опасност. Затоа заслужуваат признание. Полицијата, Службата за заштита на уставниот поредок и правосудните органи и при сета оправдана критика сепак научиле од нивните грешки.
Нула толераниција за десничарско убедување во службите
Ситуацијата беше сосем различна со НСУ која во 1998 година целосно исчезна. Трагата и се изгуби иако доушниците на Службата за заштита на уставниот поредок, докажано, имале информации за местото на престој на бараните лица и нивната подготвеност за насилство. Критиката на безбедносните служби во тоа време беше оправдана. Тие преку дискутабилни методи на истрага и испитување дури индиректно ги поттикнале делата на терористичката група која во 2011 случајно беше разоткриена. Па така, расизам и омраза спрема странци како мотив со години беа исклучени.
Веројатно и заради тоа што десно-радикалната ориентација не била реткост кај вработените во безбедносните служби во Саксонија. Разочарувачки примери има и денеска. Агентите кои работеле со скриен идентитет на тајна задача во рамки на специјална единица за време на посетата на турскиот претседател Ердоган, работеле под шифрираното име Уве Бенхард. Така се викаше еден од терористите од НСУ. Тој во 2011 година се самоуби за да го избегне апсењето.
„Групата Фрајтал" ја почуствува новата цврста рака
Наводно вицкастите, но во реалноста, страшно примитивни полицајци со изборот на шифрирано име на убиец се надеваме дека сега ќе ја почуствуваат цврстата рака на својот работодавец. Но од таквите скандалозни грешки да се извлече заклучок дека полицијата во Саксонија е при очи целосно слепа, би било навреда на достоинството. Брзото и бескомпромисно делување во случајот со здружението „Револуција Кеминиц" кое беше откриено во понеделникот е најнов доказ за спсобноста на безбедносните служби да научат од грешките. Тоа важи и за соработката меѓу сојузните институции и покраините. Токму на ова ниво имаше проблеми со НСУ. Многу поуспешно беше кога „Групата Фрајтал" која исто така потекнува од Саксонија влезе во визирот на истражителите. Десно- терористичкото здружение беше формирано во 2015 година за време на бегалската криза и приливот на бегалци. Нејзините членови изминатиот март беа осудени на највисока затворска казна. Истото важи и за повеќето обвинети од НСУ кој заврши во јули годинава.
Расчистување во сопствените редови мора да продолжи
Поминаа времињата на благите казни за десните екстремисти. Притосокот од прогон и построгите казни очигледно се уште не го постигнале ефектот на заплашување. Инаку не би смеело за толку кратко време по откривањето и осудувањето на НСУ и „Групата Фрајтал" да се појави „Револуција Кемниц". Но, тоа не би требало да ги демотивира правосудните органи и безбедносните служби. Напротив тие треба уште повеќе да се фокусираат на десниот екстремизам и непопустливо да се борат против нивните симпатизери во сопствените редови. Само така може да се поврати изгубената доверба од народот
Колку е радикална европската десница?
Бавен економски раст, незадоволство поради политиките на Европската унија и мигрантската криза доведоа до изборен успех на десничарските партии низ цела Европа.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Фрауке Петри, Алтернатива за Германија (АФД)
Лидерот на Алтернатива за Германија, Фрауке Петри изјави дека полицијата може да користи оружје како крајна мерка при спречување на илегално преминување на границата, потенцирајќи дека „таков е законот“. Она што започна како евроскептична партија се претвори во антиестаблишмент и анти-ЕУ политичка сила која на покраинските избори во Германија во март 2016 година освои 25 проценти од гласовите.
Фотографија: Reuters/W. Rattay
Марин Ле Пен, Национален фронт (Франција)
Многумина веруваат дека Брегзит и победата на Доналд Трамп може да бидат стимул за Националниот фронт. Со партијата, која беше формирана во 1972 година, раководи Марин Ле Пен, која во 2011 година го презеде водството од нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен. Национален фронт е националистичка партија која користи популистичка реторика да ги промовира своите анти-имиграциски и анти-ЕУ позиции.
Фотографија: Reuters
Герт Вилдерс, Слободарска партија (Холандија)
Лидерот на холандската Слободарска партија, Герт Вилдерс, е еден од најпроминентните десничарски политичари во Европа. Во декември тој беше осуден затоа што во 2014 година праша толпа граѓани дали сакаат повеќе или помалку Мароканци во земјата, но не му беше изречена казна. Неговата партија се смета за анти-ЕУ и антиисламска и моментално има 15 пратеници во холандскиот парламент.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Koning
Никос Михалолиакос, Златна зора (Грција)
Никос Михалолиакос е претседател на грчката неофашистичка партија Златна зора. Тој и десетина други членови на партијата во септември 2013 година беа уапсени под обвинение за формирање на криминална организација. Михалолиакос беше ослободен во јули 2015 година. Златна зора освои 18 мандати на парламентарните избори во септември 2016 година. Партијата застапува антиимигрантски ставови.
Фотографија: Angelos Tzortzinis/AFP/Getty Images
Габор Вона, Јобик (Унгарија)
Јобик е унгарска антиимиграциска, популистичка и протекционистичка партија која се стреми да биде дел од следната влада во земјата. Јобик е трета по големина политичка партија во Унгарија и на последните избори освои 20 проценти од гласовите. Партијата бара одржување референдум за членството во ЕУ и се залага за криминализација на „сексуалната девијантност“. Лидер на Јобик е Габор Вона.
Фотографија: picture alliance/dpa
Џими Акесон, Шведски демократи
По изборот на Трамп, лидерот на Шведските демократи Џими Акесон во интервју за шведска телевизија изјави: „Постои движење во Европа и САД кое го предизвикува владеењето на естаблишментот. Тоа очигледно се случува и тука“. Шведските демократи бараат ограничување на имиграцијата, се противат на приклучувањето на Турција во ЕУ и бараат референдум за членството на земјата во ЕУ.
Фотографија: AP
Норберт Хофер, Слободарска партија на Австрија
Норберт Хофер, член на австриската националистичка Слободарска партија, загуби на неодамнешните претседателски избори за само 30.000 гласови, откако беше фаворит во првиот круг на гласање. Поранешниот лидер на Зелената партија освои 50,3 проценти од гласовите, а Хофер осови 49,7%. Слободарската партија се залага за зајакнување на државните граници и ограничување на бенефициите на имигрантите.
Фотографија: Reuters/L. Foeger
Мариан Котлеба, Народна партија – Наша Словачка
Лидерот на крајно десничарската Народна партија – Наша Словачка, Мариан Котлеба, изјави: „Дури и еден имигрант е премногу“. Во друга прилика тој го нарече НАТО „криминална организација“. Оваа партија се залага за напуштање на ЕУ и на Еврозоната. На изборите во март 2015 година партијата освои 8 проценти од гласовите, со што обезбеди 14 мандати во националниот парламент кој брои 150 пратеници.