1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сепак самит САД - Северна Кореја?

ЖА / агенции
28 мај 2018

Според американскиот претседател Трамп, претставници на САД се во Пјонгјанг заради подготовка на самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

USA Nordkorea - Donald Trump und Kim Jong Un - TV
Фотографија: picture alliance/AP Photo/L. Jin-man

Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер соопшти дека делегација на САД веќе стигнала во Пјонгјанг, во подготовка на самит со севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун. „Вистински вреувам дека Северна Кореја има брилијантен потенцијал и еден ден ќе биде значајна стопанска нација. Ким Јонг Ун ги има истите гледишта како и јас,“ напиша синоќа Трамп на Твитер.

Повеќе: 

Самитот Трамп-Ким откажан поради погрешна проценка

Што би можеле да се договорат Трамп и Ким?

Еуфоричните зборови на Трамп се во тотален контраст со неговите изјави од само три дена претходно, кога го откажа планираниот самит, а како образложение го наведе „отвореното непријателство на Северна Кореја.“ Без оглед на откажувањето на средбата од страна на Трамп, Северна Кореја демонстрираше натамошна отвореност за директни разговори, по што американскиот претседател го промени курсот и само 24 часа подоцна најави можност планираниот состанок на 12 јуни во Сингапур сепак да се одржи.  

На викендот Ким Јонг Ун вторпат во рок од четири недели се сретна со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, а во таа прилика повторно се изјасни во прилог на историски самит со Доналд Трамп. Официјален претставник на Кина вчера искажа надеж дека планираниот самит меѓу САД и Северна Кореја ќе се одржи и ќе биде успешен.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми