1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Серафимовски: Пoствулканска појава во Косел

СН/жа/миа4 јули 2017

По појавата на чад на местото во охридски Косел, универзитетскиот професор Тодор Серафимовски истакнува дека Косел бил вулкан пред 16 милиони години, а актуелното случување е поствулканска појава.

Фотографија: PA/dpa

Во охридски Косел се појави поствултанска појава, а вулканот е одамна загаснат. Некогаш бил вулкан, а сега се останати само карпите кои сведочат за вулканот и останува сулфатарата, која долги низ години е активна, е ставот на универзитетскиот професор Тодор Серафимовски од Природно- Техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Тој додава дека вакви поствулкански појави со сулфатари има на Кожув на две места и од кавадаречка и од гевгелиска страна и Кратовско-Злетовскиот регион исто така на две места кај селата Бели и Плешница.

„Тоа се главно миоценски вулкани, кои се загаснати. Последните активности што преку апсолутните старости ги гледаме на Коселескиот вулкан биле околу пред 16 милиони години, а најмлади вулкани се на Кожувската област, тоа се од два милиони до шест милиони години. Значи дефинитивно затворена вулканска активност, од тој аспект ние можеме да бидеме мирни, бидејќи нема некоја конкретна манифестација. Ова реков е гас, кој е поствулкански продукт и тој си имал своја рамнотежа со години, но мало пореметување на рамнотежата било оној момент, кога беа направени неколку дупчотини во 80-тите години од страна на Словенците по што практично ние ја загубивме сулфатарата“, рече Серафимовски.

Тој истакна дека по затворањето на дупчотините на Косел се изгуби атрактивниот изглед на сулфатарата, но според негови претпоставки, поради земјотресот во Грција, а кој се почуствува и во земјата, како што рече тој, дојде до лизгање на одредени расадни структури, при што веројатно сеизмичките бранови се пренесоа и на блиската активна трусна зона, Валандовската, по што гасот нашол испуштен вентил во линија на помал отпор.

„ Јас ќе кажам дека од она што ние го имаме како сознание за структурите и положбата на магмите во нивните примарни резервоари, некаде е под границата, под 150 километри во длабина“, вели Серафимовски.

Тој додава дека појавата на сулфатарата, охридскиот регион може да го направи како туристичка атракција, како што е во Тоскана во Италија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми