1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сервер: Косово нема време за чекање

8 октомври 2004

,, Косово е последното прашање на Балканот кога станува збор за војна или мир. Идниот статус на покраината може да биде решен наредните две години, , оцени директорот на балканската иницијатива во американскиот институт за мир Даниел Сервер.

,, Косово нема време за чекање. Веќе е договорено прашањето околу стандардите да се разгледа идната година, а потоа работите ќе се одвиваат брзо. Наредното лето треба да стартува процесот околу конечната одлука за статусот на покраината., истакна Сервер, но рече дека не може да предвиди какво решение ќе се изнајде.

Директорот на балканската иницијатива во вашигтонскиот институт за мир смета дека клучот за вистинското решение за Косово е кај Приштина и Белград.

,, Надворешни фактори не смеат да диктираат што да се случува со покраината,, истакна Сервер, додавајќи дека е очигледно оти решението нема да биде едноставно. Освен бегалците, треба да се решат и односите на Косово со соседите, како и да се дефинираат релациите меѓу Белград и Приштина. Но, многу е јасно дека Косово, во ниту една варијанта, нема да се врати под контрола на Белград. Тоа го знаат и самите српски власти,, рече Сервер.

Според него, занимлив е неодамна усвоениот предлог од Белград, за децентрализација на Косово и високи позиции на Србите во локалната власт.

,, Предлогот не е нималку сличен на ова што го правеше Слободан Милошевиќ,, рече Север. Коментирајќи ја неодамнешната изјава на српскиот претседател Тадиќ, тој рече оти е јасно дека Србите одлучиле да ги бојкотирраат претстојните избори на Косово.

,, Мислам дека таквата одлука е погрешна, бидејќи со тоа на косовските Срби им се ускратуваат гласовите, односно правото на учество во одлуката за конечниот статус на покраината, изјави директорот на балканската иницијатива во вашингтонскиот институт за мир.

Во меѓувреме, одборот надворешни работи во американскиот конгрес ја одложи расправата за нацрт реѕолуцијата поднесена од двајца конгресмени, која предвидува официјален Вашингтон да ја поддржи независноста на Косово.

Официјално- заради дополнителни консултации, а неофицијално поради тоа што на тоа инсистирала претставничката на стејт департментот Кетлин Стивенс, вчера предлог резолуцијата беше симната од дневниот ред.

Властите во Белград, таквата одлука веднаш ја прославија како дипломатска победа на Србија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми