1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сервер: Црна Гора и Македонија заедно во Алијансата

СН/АТ/миа10 ноември 2013

Црна Гора и Македонија треба истовремено да станат членки на НАТО, смета политичкиот аналитичар од Вашингтон и експерт за Балканот, Даниел Сервер. Според него во тоа треба да помогне пред сѐ Германија.

Фотографија: Bekim Shehu

Американскиот аналитичар Даниел Сервер во денешната изјава за Телевизија Црна Гора, истакна дека Црна Гора и Македонија одат заедно, не зашто зависат една од друга, туку бидејќи двете треба да бидат членки на Алијансата.

„Црна Гора е блиску до исполнување на критериумите за членство во НАТО, но сметам дека Подгорица и Скопје треба истовремено да ѝ пристапат на Алијансата. Никогаш не знаете кога ќе се отворат вратите на НАТО. Може да ги исполните сите услови, а вратата да не се отвора неколку години од политички причини“, рече Сервер.

Сервер изрази надеж дека Германија, која според него, треба да игра водечка улога на Балканот, ќе ја увиди предноста од членство на Македонија и Црна Гора во НАТО и дека ќе инсистира на тоа на самитот следната година во Лондон.

„Германија би требало да помогне во потенцирањето на тоа прашање зашто не можете да се потпрете на Американците кои треба да ги решаваат Иран, Сирија и Северна Кореја“, истакна Сервер за телевизија Црна Гора.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми