1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеуште не е доцна за планетата Земја

Ирене Банос Руиз
12 ноември 2016

Последниот извештај на организацијата „Светски фонд за природа“ (СФП) е достапен за проучување и преземање на акции. Тој носи јасна порака: сега е времето да се дејствува.

Indonesien Ost-Kalimantan, Regenwald-Abholzung
Фотографија: WWF

„Светскиот фонд за природата" го објави последниот извештај „Жива земја“, кој претставува полугодишна проценка на човековото влијание врз планетарното здравје, кој се изработува во соработка со „Глобал футпринт нетворк“ и Зоолошкото друштво од Лондон.

Повеќето од резултати се обесхрабрувачки. Нивоата на биодиверзитет низ целиот свет продолжуваат да се намалуваат, додека зголеменото користење на природните ресурси ги оштетува клучните природни системи.

СФП исто така потенцира дека научниците веруваат дека човештвото транзитирало во нова геолошка ера – Антропоцена, епоха во која „климата се менува брзо, океаните закиселуваат и регионалните екосистеми исчезнуваат – со брзина колку времетраењето на еден човечки живот“.

Но, наместо да надвладее скептицизам и невереување, општиот заклучок е да се преземе акција. Независно од тоа дали човештвото е спремно или не, луѓето ќе мора да ја менаџираат ситуацијата со популацијата која постојано се зголемува, загрозената природа и неочекуваните климатски последици кои би можеле да бидат уништувачки.

Но, без паника! Според исвештајот има „доста простор за оптимизам“.

Фотографија: WWF

„Доколку успееме да ја спроведеме неопходната и критична транзиција, наградата ќе биде голема“, пишува во извештајот.

Биодиверзитетот во фокус

„Индексот на Живата планета" обработува информации од речиси 4.000 вертебрални видови во последните три децении. Од 1970 до 2012 година, вкупното присуство вертебралната популација се намалило за 58% проценти.

Во просек, големината на вертебралните популации се намалила за повеќе од половина, со просечно годишно намалување од 2 проценти.

Намалувањето на вертебралната популација во најголем дел се должи на човечките активности. Губитокот и деградацијата на природното живелиште се посочува како најголема закана, а е предизвикано поради забрзаната експлоатацијата на природните ресурси – како што е сечењето на дрвата и копањето на руда, но исто така и поради неодржливиот агрикултурен и урбан развој.

Прекумерната експлоатација - во директни форми како што е незаконското ловење и идндиректни форми како што е случајното заловување се главни ризици за биодиверзитетот.

Загадувањето, инвазивните видови, болестите и секако климатските промени ја дополнуваат листата на загрозувачки фактори.

Клучната улога на екосистемите

Уништувањето на екосистемите не влијае само врз растенијата и животните, туку исто така негативно се одразува врз луѓето, затоа што екосистемите се нашиот извор на храна, свежа вода, чист воздух и енергија.

Природниот капитал, односно природните ресурси кои го поддрржуваат човековиот живот, не можат да се обноват доволно брзо поради притисокот кој го предизвикува зголемувањето на човечката популација во последните децении.

Дел од најсериозните последници на овие процеси веќе стануваат реалност: конфликти предизвикани поради недостатокот на природни ресурси, храна и вода.

Планетата Земја не е доволна

Од 2012 година, на човештвото му е потребна е 1.6 планети земји да се покрие потрошувачката на годишно ниво. „Надминувањето на биокапацитетот на планетата Земја до тој степен е возможно само на краток рок“, предупредуваат од СФП.

Јаглеродот е доминантата компонента од човечкиот еколошки отисок, кој се испушта со горењето на јаглен, масло и природни гасови – моќни, но се поретки фосилни горива.

Покрај јаглеродот, ВФП анализираат пет други категории на конзумирање: површини потребни за производство на храна, површини потребни за хранење на стока, водни површини за ловење на риби, шуми и земјиште потребно за градење на инфраструктура за транспорт и домување.

Следни чекори?

Доколку прочитавте до тука, веројатно се сложувате дека има потреба да се преземат мерки. И не сте единствени.

СФП препорачува првиот чекор да биде подигнување на свесноста за последниците од нашите дневни активности. Покрај тоа , мора да се разберат и причините кои стојат позади негативните последици.

Единствен начин да се оствари агендата на ООН за 2030 година за одржлив развој е да се комбинираат напорите на граѓаните со уште посилно залагање од компаниите и цврсти владини политики, препорачуваат од СФП.

Со цел да се постигне поодржлив систем „голем број на важни промени, маргинални и радикални, ќе мора да се случат, во областите на заштитата на природниот капитал, владеењето, финансиските текови и пазарите, како и енергетскиот и прехранбениот систем“.

Глобалната транзиција кон одржливоста може да се случи само преку употребата на обновлива енергија и тоа не може да се изостави, инсистираат од СФП.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми