1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеќавања на логорот на смртта - Јасеновац

21 април 2005

Јасеновац од август 1941 – та година до април 1945 беше најголемиот логор на тогашната независна држава Хрватска .

Споменикот кај Јасеновац
Споменикот кај ЈасеновацФотографија: DW

,, Логор од мешан карактер, работен, транзитен, но и логор на смртта. Всушност, најмногу логор на смртта затоа што најмногу од оние кои еднаш влегоа таму, никогаш не излегоа.“

Вака Славко Голдштајн, претседател на советот за спомен на подрачјето на Јасеновац, ја опишува атмосферата во најголемиот логор на тогашната независна држава Хрватска.

Јасеновац е болна точка на хрватската историја и го симболиѕира безумието и омраѕата која што се ширеше како вирус, користејќи ја сета нечистотија на пропагандата.

Во 1964 година Статистичкиот завод на Југославија направи опширно истражување за жртвите од Втората светска војна и тогаш се дојде до бројка од речиси 60 илјади жртви. Но треба да се додаде уште околу половина од таа бројка за да се дојде до вистинскиот податок. Слични податпоци излегоа уште од неколку неѕависни истражувања , па би можело да се смета дека во Јасеновац не настрадале повеќе од 100 а помалку од 80 илјади луѓе.

,, Јас морав да ја прифатам официјалната бројка на Сојузот на борците која и ѕа мене е запрепастувачка, вели авторот на споменикот на жртвите Богдан Богдановиќ.

,, Своевремено и јас одбивав да гледам други поинакви работи, да гледам документи за такви ѕверства, но не го сакав тоа, јас знаев што е тоа злосторство и што е драма и тага на распарчена нација на два дела. Барав еден облик, порака, која што може тоа да го покрие, на жртвите да им оддаде почит, а се друго да им се препушти на историчарите.“

Со оглед на таквите податоци, најмногу има српски жртви, околу 50 илјади, а настрадаа околу 18 илјади Евреи, 10 илјади Роми и уште толку хрвтаски антифашисти. Се споменуваа и бројки од 7 до 15 пати повеќе и тие и денеска се во оптек. Но важно е да се знае што се правело и на кој начин луѓето страдале.

,, Јасеновац настана и се одржуваше под најнепосредна ингеренција на усташкиот режим, а не на Германците. Тој додуша е организиран по примерот на германските концентрациони логори, но неговото спроведување беше исклучиво во усташки раце, вели Богдановиќ.

Во усташкиот логор Јасеновац е направено злосторство од големи размери. Бројот на жртвите го одвлече вниманието од вистинските факти. И денеска во Хрватска понекогаш е присутна потребата за релативизирање на самата суштина на Јасеновац, природата на усташкиот режим и логорите на смртта. Минимизацијата и релативизирањето на тој период дури неодамна почна да исчезнува од општествената сцена. Многумина со право прашуваат – дали хрватското општество е зрело за совладување на минатото и за соочување со вистинската слика за деликатните и трауматичните места од историјата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми