1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сеќавање на жртвите - 50 години по изградбата на Берлинскиот ѕид

13 август 2011

Во Берлин се одбележува 50 годишнината од почетокот на градењето на Берлинскиот ѕид. Германскиот претседател Крситијан Вулф во својот говор потсети на жртвите и различните судбини и повика на уште поголеми слободи.

Mauerbau Gedanktag Jahrestag Mauer
Одбележување на 50 години од изградбата на Берлинскиот ѕидФотографија: dapd

Германскиот претседател Кристијан Вулф на централатната манифестација во Берлин потсети на почетокот на градењето на Берлинскиот ѕид пред 50 години и жртвите од режимот во поранешната Германската Демократска Република (ГДР). Претседателот Вулф во својот говор потсети и на различни судбини, поврзани со границата меѓу Истокот и Западот.

На 13 август 1961 година раководството на поранешната ГДР започна да ја цементира поделбата на Германија во Берлин. Овој лош историски спомен сепак среќно заврши со паѓањето на Берлинскиот ѕид на 9 ноември 1989 година. Германскиот претседател Вулф нагласи дека слободата на крајот секогаш победува. Ѕидот не падна, туку беше соборен, истакна тој. Вулф се заложи за натамошен ангажман за промени и уште повеќе вистински слободи во Германија. Кон ова припаѓа и подобра интеграција на доселениците.

Фотографија: picture alliance/dpa

Берлинскиот градоначалник Клаус Воверајт во својот говор потсети на најмалку 136-те жртви, кои починаа во обидот да ја минат тогашната внатрешно-германска граница. На манифестацијата на Бернауерштрасе присуствуваа поранешни противници на режимот на ГДР, членови на семејствата на жртвите, политичари и граѓани.

Одбележувањето на 50 годишнината од почетокот на изградбата на Берлинскиот ѕид почна уште во текот на ноќта со читање на различни биографии на жртвите во т.н. Капела на помирувањето. Истовремено е отворен нов дел од споменикот за жртвите во поранешната „зона на смртта“ во Берлин.

Автор: АТ/ ТТ/ дв

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми