1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се бара план „Б„ за Косово

3 јули 2007

Британскиот новинар и публицист Тим Џуда смета дека планот на Марти Ахтиасри за Косово нема да помине во советот за безбедност на ОН. Меѓународната заедница според него бара план „Б„ за решение на проблемот.

Панорама на ПризренФотографија: DW

Моменталната офанзива на властите во Белград во врска со прашањето за конечниот статус на Косово за Тим Џуда е резултат на повеќе среќни околности, но и на интересите кои во моментов ги има Русија:

"Владата на премиерот Воислав Коштуница беше повеќе од успешна во пренесувањето на својот став за Косово со цел да добие поголема поддршка од Русија. Меѓутоа мора да се знае дека прашањето Косово и Србија се вклопува во многу поширокиот геополитички и стратешки план на Москва, отколку традиционалните врски меѓу словените и русите“ вели Џуда

Русија според него ја користи оваа ситуација заради свои интереси. Но тоа не значи дека ставот на Москва околу ова прашање ќе биде идентичен кога Русија ќе ги задоволи своите сегашни интереси. Џуда е убеден дека Русија ќе вложи вето во советот за безбедност доколку резолуцијата за идниот статус на Косово содржи дефиниција за независност. Тој смета дека во ОН може да биде донесена резолуција за крај на мандатот на УНМИК во покраината кој би го преземала ЕУ.

Според Џуда, албанците и натаму му веруваат на американскиот претседател Џорџ Буш и новиот француски министер за надворешни работи Бернар Кушнер, дека ќе биде исполнета нивната цел за независност:

“ Логично е да се очекува да се повтори она што се случи во 1997 и 98 кога по големите ветувања за независно Косово, Ибрахим Ругова тоа не успеа да го оствари. Следуваше процес на внесување на голем арсенал оружје на Косово со што им се даде можност на радикалите да ја земат работата во свои раце. Такво нешто е можно ио сега“ вели Џуда.

Сепак тој верува дека народот е доволно свесен дека таквото нешто би било замка која со воодушевување би ја дочекале Русија и Србија, како потврда на нивните ставови дека албанците секогаш кога нема да им се исполни ветувањето, земаат оружје во рака.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми