1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се бара продолжување на Западнобалканското правило

ЕМФ
18 ноември 2019

Германското градежништво со години бележи бум и има огромна потреба од работници. Се бара продолжување на т.н. Западнобалканско правило, зашто во спротивно може да се јави неодстиг на персонал.

Berlin | Bauarbeiten am Tacheles-Quartier
Фотографија: Imago Images/photothek/F. Gärtner

„2019 година беше добра и очекуваме зголемување на обртот за 5%. Фирмите кои се наши членки направиле обрт од 354 милијарди евра, а во 2020 година очекуваме обртот да изнесува 370 милијарди евра“, соопшти првиот човек на Здружението на градежниците, Маркус Нахбауер на годишната прес-конференција на здружението. Но, за да се одржи тој бум неопходен е персонал од странство. Нахбауер предупредува дека доколку не се продолжи т.н. Западнобалканско правило, кое овозможува работа во Германија на работници од државите од Западен Балкан, може да дојде до недостиг на персонал.

Повеќе:

Ќе се вратат ли ограничувањата за македонските работници во Германија?

Германија: Сѐ повеќе работници од Балканот

Во Германија доаѓаат добро квалификувани работници од Македонија

Весникот „Велт“, наведувајќи дека Западнобалканското правило истекува на крајот од 2020 година, го цитира Нахбауер со зборовите: „Тоа е голем удар за германските градежни фирми. Од страна на подучени, но многу искусни работници од државите од Западен Балкан, се извршуваат особено едноставните работи кои веќе не се вршат од страна на домашните работници, како што е виткањето железо.“

Фотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress/C. Hardt

„Велт“ пишува дека новиот Закон за доселување на стручњаци нема да му биде од помош на градежништвото и дека Нахбауер и во минатото предупредувал оти новиот закон треба да важи не само за висококвалификуваната работна сила, туку и за другите.

„Но, според него, токму тоа се случи. Новиот закон не им нуди можност за престој на работниците од градежништвото кои имаат практично работно искуство... Околу една третина од досега издадените визи согласно Западнобалканското правило отишле во рацете на градежници, вели Нахбауер. Доколку правилото не се продолжи, ќе се зголеми недостигот на градежници, а би морало да се смета и со зголемување на работата на црно и нелегалното работење. Продолжување на правилото бара и Централниот сојуз на германските занаетчии (ЗДХ), кој, според сопствени наводи, веќе имал разговори со Министерството за труд чија цел била продолжување на правилото или носење 'ново правило со ист ефект'. 'Но, овие разговори сѐ уште се на почеток', се вели во Сојузот.“

Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert

Весникот „Велт“ додава дека Западнобалканското правило го поздравуваат и други економски здруженија и сојузи, како оној на угостителството. Но, се нагласува дека има и скепса:

„Се стравува од злоупотреби и несакани ефекти, како притисок врз помалку квалификуваните работници. И Сојузот на германската градежна индустрија, кој претставува пред сѐ големи концерни, се изјасни за 'доселување според квалификациите кои се добиваат во градежните професии'. “

„Велт“ потсетува дека германската влада пред четири години ги олабави законските прописи за пристап до германскиот пазар на труд за луѓето од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тие до крајот на наредната година „може да добијат работна дозвола за секоја работа“, освен во случај да се работи за „позајмени работници“, доколку можат да приложат цврста понуда за работа во некоја германска фирма и доколу ги исполнуваат останатите услови за работна виза.

#DE_facto: Сѐ повеќе луѓе од Западен Балкан легално работат во Германија

02:36

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми