1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се ближи крајот на Јаху!

Андреас Бекер/бг4 февруари 2016

Откако прогласи огромни загуби и отпуштања, технолошкиот гигант Јаху се соочува со несигурна иднина. Има ли надеж за некогаш водечката компанија?

Фотографија: picture alliance/AP Photo/J. Jacobson

Бројките се очајни. Во последниот квартал од 2015, Јаху забележа загуба од 4,4 милијарди долари, во најголем дел како резултат на исплатите за претходните неуспешни потфати. Во обид да ја подобри состојбата, калифорниската компанија најави отпуптање на 1,500 работници и затворање на канцелариите во пет големи градови ширум светот.
„Доколку единството нешто што знаете да го сторите е да отпуштате луѓе за да ја вратите профитабилноста, имате голем проблем“, вели за Ројтерс Мартин Пиконен, аналитичар во њујоршката фирма „Розенблат секјуритис“.
Сепак, директорката на Јаху Мариса Мајер (на главната фотографија) инсистираше дека има „стратешки план за раст“ кој, според нејзините зборови, „драматично ќе ја осветли иднината и ќе ја подобри конкурентноста“.
Мајер рече дека Јаху треба да се концентрира на три основни активности во бизнисот: пребарување, електронска пошта и Тамблр (Tumblr), блогерска платформа која Јаху ја купи во 2013 година за 1,1 милијарди долари.

Инвеститорите бараат промени

Тамблр е само една од неколкуте аквизиции кои Мајер ги купи откако го презема раководењето со Јаху во 2012. Но обидот на фирмата да генерира приходи со привлекување на млади корисници беше неуспешен. Тамблр не ја исполни задачата за обезбедување приход од 100 милиони долари минатата година, а Јаху мораше да ја преземе и загубата од 230 милиони долари. Лошите перформанси се одразија и на вредноста на акциите кои загубија околу 30 проценти од својата вредност на берзите минатата година. Њујоршката фирма за менаџмент „Спрингоул“ ја критикуваше Мајер за „лоша распределба на капиталот, лоши стратешки партнерства, трошење без контрола и прекубројна работна сила“. Се погласни се повиците за смена на Мајер.
Но, во моментов бордот на Јаху ја поддржува Мајер. Претседателот на бордот Мајнард Веб вели дека во најдобар интерес на акционерите е да „се бараат стратешки алтернативи“.
Експресно по таа изјава, акциите на Јаху пораснаа за пет проценти. Инвеститорите тоа го интерпретираа како сигнал дека фирмата бара купувач. Но кој би сакал да купи компанија во криза, и по која цена?

Уделот на Јаху во Алибаба е повреден од неговиот основен бизнисФотографија: picture-alliance/dpa

Во моментов, акциите на Јаху вредат 27 милијарди долари. Но, тоа во најголем дел се должи на уделот во Алибаба, кинескиот трговски гигант. Аналитичарот Брајан Визер од „Пивотал рисрч“ проценува дека основниот бизнис на Јаху, без инвестициите во Азија вреди околу 3,4 милијарди долари. За оваа сума, купувачот може да добие компанија која „има повеќе од една милијарда активни корисници“, но без јасна стратегија за раст.

Основана во 1994 година, оригиналното име на Јаху гласеше „Jerry's Guide to the World Wide Web." Компанијата бележеше успех како веб-портал, но за разлика од своите ривали Гугл и Фејсбук не успеа да ја претвори базата во рекламен приход. Пред осум години, на почетокот на 2008, акцијата на Јаху вредеше околу 30 долари, слично на денешната вредност. Но тогаш се уште имаше надеж дека иднината е светла, барем во главата на Стивен Балмер, тогашниот шеф на Мајкрософт. Балмер понуди да го купи Јаху за 44 милијарди долари. Џери Јанг, ко-основачот и тогашен шеф на фирмата, ја одби понудата, верувајќи дека неговата компанија вреди повеќе. Тоа беше одлука за која можеби ќе зажали.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми