270709 Sommerschlussverkauf
31 јули 2009Околу 7 илјади анкетирани фирми од Германија попозитивно ги оценуваат не само изгледите за во иднина, туку и сопствената актуелна ситуација.
„Ова секако е пресврт во смисла на тоа, дека е запрен надолниот тренд. Германското стопанство се стабилизира, повторно фаќа чекор. Ова се’ уште не е подем, но се чини дека најлошото е зад нас“, вели професор Кај Карстенсен од институтот за економски истражувања „Ифо“ од Минхен. Но, и кај него, како и кај многумина други експерти, провејува и одредена резервираност.
„За Германија извозот и натаму игра важна улога. И во тој сегмент очекувањата малку пораснаа. Оттука, најлошото секако е веќе зад нас. Но, нема да излеземе на крај сосем без внатрешната економија. А, кога невработеноста ќе почне да расте, тоа ќе ја оптовари потрошувачката и ќе има негативни последици и за производството“, укажува професор Карстенсен.
Автор: ГУ/ЗЈ/дв
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска