1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се е подготвено за седницата број 1

3 август 2020

Талат Џафери денеска заминува од Клиника, и можно е утре тој да претседава со конститутивната седница на Собранието.

Mazedonien, Skopje: Parlamentssitzung über Verfassungsänderung
Фотографија: Regierung Mazedonien

„Четврти август: Седница број 1 на Собранието на Република Северна Македонија, 12 часот, Голема сала“. Во календарот на активности на веб - страницата на парламентот, ова е кусата најава за утрешниот настан – првата, конститутивна седница на Собранието. 

На дневниот ред има четири точки: Избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието; верификација на мандатите на пратениците; избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици во собраниската Комисија за прашања за изборите и именувањата; и избор на претседател на Собранието.

Не е извесно дали утре ќе бидат завршени сите точки од дневниот ред, ако се има предвид дека функцијата претседател на Собранието е дел од политичкиот договор меѓу партиите што обезбедиле мнозинство за формирање на влада, а тој процес формално ќе започне од утре.

Фотографија: Büro des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Претседателот Стево Пендаровски, во вчерашното илинденско обраќање од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, изрази очекување тој процес што побрзо да заврши, со оглед на предизвиците со кои се соочува земјата.

„Сега кога парламентарните избори се завршени, очекувам што е можно побрзо да се конституира новото Собрание и новата влада. 

Повеќе:

-Пазарењето е да падне Заев

-Изборите се претворија во канибалистичка церемонија

-ДУИ очекува покана од СДСМ за разговори за ново мнозинство

Следната влада ќе ја нема комоцијата да не и бидат поставувани тешки прашања во првите сто дена. Актуелните трендови со вирусот нема да дозволат целосно враќање на економијата во погон, а економските проблеми секогаш носат нестабилност и граѓанско незадоволство. Многу порано пред да ги започнеме преговорите со ЕУ, ќе мора да почнеме со практична имплементација на итните правни реформи и да ја интензивираме борбата против организираниот криминал и високата корупција“, рече Пендаровски.

Седница под посебни протоколи

Деновиве беа спроведени голем број техничко-организациски подготовки за утрешната седница, со оглед дека таа за првпат се одржува во изменети околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19. Поради тоа, Собранието ќе ги отвори вратите за новите 120 пратеници, гости и медиуми, според протоколи за заштита од вирусот, утврдени во координација со Комисијата за заразни болести.

На сите што утре треба да влезат во законодавниот дом, при влезот ќе им биде мерена телесна температура. Бидејќи е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, конститутивната седница ќе се одржи во друга сала – онаa под Големата купола на собраниската зграда.

„Гласањето на седницата ќе се одвива рачно (со картончиња), а од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на Националниот радидифузен сервис МРТ. Пренос од конститутивната седница гостите ќе следат од пленарната сала „Македонија", каде што ќе биде обезбедена неопходната физичка дистанца,  како и во салите 3 и 4 во Прес-центарот на Собранието. За да се избегне поголемо групирање, конститутивната седница ќе може да ја следат најмногу по двајца претставници од секој медиум“, најави собраниската служба.

Во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, во Собранието нема да работат Клубот на пратениците, ресторанот и бифето во Прес центарот.

Фотографија: Nord-Mazedonien/Kabinett des Präsidenten

Ќе претседава Џафери

Рокот за конституирање на парламентот е 20 дена од одржувањето на изборите, а тој истекува утре, на 4-ти август. Деновиве беше неизвесно кој ќе претседава со седницата, со оглед дека собранискиот претседател во заминување, Талат Џафери, од 24-ти јули беше хоспитализиран на Инфективната клиника поради пневмонија, а со последователни резултати од тестирањата кои покажале дека е негативен на коронавирусот. Утрово Џафери ни потврди дека ги надминал здравствените проблеми и дека заминува од Клиниката, со што може се очекува утре тој да претседава со конститутивната седница на Собранието.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми