1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се истражуваат мотивите на напаѓачот од Санкт Петербург

БГ
5 април 2017

Мотивите на осомничениот атентатор од Санкт Петербург сѐ уште се истражуваат од руските власти. Во градот се уапсени шестмина потенцијални терористи.

Russland Morgen nach dem Terroranschlag in der U-Bahn in St. Petersburg
Фотографија: DW/W. Ryabko

Руските власти ги истражуваат потенцијалните мотиви на наводниот атентатор кој се смета за одговорен за експлозијата во метрото во Санкт Петербург, во која загинаа 14 луѓе.
Истрагата го идентификуваше напаѓачот во 22-годишниот Акбаршон Џалилов, руски државјанин роден во централно азискиот Киргистан. Сомнежите се дека тој ја подметнал и втората бомба во метрото која беше успешно деактивирана.

Властите извршиле претрес на станот на Џалилов и велат дека безбедносните камери го снимиле како го напушта својот стан непосредно пред нападот со една торба и ранец со него.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а руските власти ги истражуваат врските на осомничениот со Исламската држава.

Руските власти веруваат дека безбедносните камери го снимиле Џалилов пред да го изврши нападотФотографија: Reuters/5th Channel Russia

Во поширока акција против осомничени исламисти по нападот, властите соопштија дека уапсиле 6 осомничени терористи во Санкт Петербург со потекло од централна Азија, но досега не нашле врска со Џалилов. Остатоците од телото на Џалилов беа пронајдени на местото на атентатот, иако останува нејасно дали руските власти го бројат и него меѓу жртвите. Во Санкт Петербург пристигнаа и родителите на Џалилов. Властите велат дека семејството е од етничко узбечко потекло и сите имаат руско државјанство. Џалилов живеел во Русија од 16-годишна возраст. Тој претходно бил идентификуван како осомничен и од Државниот безбедносен комитет на Киргистан. Се верува дека бил радикализиран од страна на исламистички движења, но досега не се понудени докази за тоа тврдење.

Денеска во соборната црква во Санкт Петербург се одржува комеморација за жртвите од нападот, истовремено тоа е и втор ден од прогласената национална жалост.

Русија досега беше цел на дузина терористички напади, чија цел честопати беа подземните железници во Москва и други градови. Последниот напад се случи во 2013 година во Волгоград, исто така врз јавниот превоз.

Санкт Петербург жали

01:05

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми