1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се омажи нобеловката Малала

Пиа Грам
10 ноември 2021

Носителката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи, се омажи во Бирмингем. На малата тадиционална свадбена церемонија присуствувале семејствата на Малала и нејзиниот партнер.

Malala Yousafzai | Tokyo, Japan
Фотографија: Rodrigo Reyes Marin/ZUMA/imago images

„Денешниот ден е скапоцен во мојот живот. Асер (Малик) и јас склучивме брак“, напиша Малала на Твитер, каде објави и фотографии од свадбата. Свадбената церемонија се одржала во кругот на семејствата, во Бирмингем.

„Испратете ни ги вашите молитви. Се радуваме на заедничкото патување кое е пред нас“, додава Малала.

Пакистанската Малала Јусафзаи ја доби Нобеловата награда на 17-годишна возраст, во 2014-тата. Како ќерка на училишен директор, таа уште на 11-годишна возраст, во блог за Би-Би-Си, се заложи силно за тоа девојчињата да одат на училиште. Во тоа време пакистанската долина Сват беше упориште на талибанците и Малала го опишуваше својот живот „под чизмата“ на талибанците. Четири години подоцна талибанците ѝ пукаа во глава.

15-годишната Малала преживеа со тешки повреди и беше пренесена во Бирмингем, Велика Британија, каде оттогаш живее заедно со семејството. Минатата година ги заврши студиите по филозофија, политика и економија на Универзитетот Оксфорд. Малала и натаму се залага за образование на девојчињата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми