1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се планира закон со „шанса за право на престој“ во Германија

Ноткер Оберхојзер
7 јуни 2022

Германското МВР планира барателите на азил кои биле одбиени, а се добро интегрирани во Германија, во иднина да можат да останат во земјата. Извршителите на кривични дела, пак, и натаму ќе се протеруваат консеквентно.

Deutschland Ausweis für Flüchtlinge - Duldung
Фотографија: Wolfgang Kumm/dpa/picture alliance

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер наскоро ќе предложи закон со кој ќе се добива „шанса за право на престој“, јавија првиот канал на германскиот радиодифузен сервис АРД и магазинот Шпигел. Со предлог законот, мигрантите кои во Германија имаат статус на толерирани лица најмалку пет години ќе добијат шанса да добијат траен престој во државата. Од ваквиот предлог закон би можеле да профитираат над 100.000 луѓе. Статусот на толерирано лице е несигурен, затоа што во таков случај процесот на протерување од земјата е само прекинат.

Со новиот предлог закон толерираните лица ќе добиваат прво дозвола за престој во траење од една година. Ако во тој период докажат дека го владеат германскиот јазик и заработуваат доволно за живот, ќе добијат подолго право на престој.

Извршителите на кривични дела ќе бидат исклучени од ова правило, исто како и лицата кои дале погрешни податоци за својот идентитет и кои на тој начин досега спречувале протерување од Германија.

Одбиените баратели на азил кои не се однесувале согласно законите во Германија, треба да бидат побрзо протерувани од земјатаФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер истовремено се обврзува на поостар курс при протерувањето на барателите на азил кои биле одбиени, а не се однесувале согласно законите. „Поконсеквентно ќе мора да се спроведува протерувањето на извршители на кривични дела и загрозувачи (на безбедноста, н.з.)“, се вели во предлог законот. За таа цел треба, меѓу другото, да се заострат правилата за притвор поврзан со протерување.

Од Шуто Оризари до Германија и назад

02:26

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми