"Се плашиме од вас"-Нетолеранција спрема имигрантите во Словенија
25 март 2004во земјата што ја одбра за своја татковина.
Уставиот Суд минатата година ја осуди таа неправда , и им додели на тие луѓе словенечко државјанстви , а на државата и наложи да им ги надомести евентуалните штети кои ги имале.
Иако од правна гледна точка ситуацијата сега е јасна , политичарите пред се од конзервативната опозиција, сега сакаат да го избегнат обесштетувањето бидејќи наводно трошоците биле преголеми. Популистичките изјави наидуваат на плодно тло кај народот и така еден човек од Јесеница вели:
“Мислам дека постои опасност луѓето од југот да станат доминантни. Порано овде немаше муслимани, луѓе од југот, сите бевме пријатели. Денес е сосема поинаку. Нивната музика е премногу гласна , и не можам повеќе да ја поднесам. Се плашам од нив”-вели овој човек.
Мики Цвитановиќ , по потекло Србин , веќе 27 години живее во Словенија и по стекнувањето на независноста навреме побарал државјанство. Шест години немал добиено одговор и поради тоа ја изгубил работата. Без документи тој не можел ниту да ја напушти Словенија. Освен тоа , неговата сопруга , морала да плати казна , затоа што Мики кај неа односно во неговиот стан наводно живеел илегално.
Во меѓувреме Цвитановиќ добил државјанство , за недостатокот толерантност кај народот сеуште има разбирање , но не и за политичарите кои со популистички изјави собираат гласови:
“Мора да се прифати фактот дека народ кој брои само милион и девестотини илјади луѓе , се плаши дека ќе се изгуби во европскиот простор. Затоа ги разбирам некои трауми од кои произлегува оваа нетолерантност. Но тоа не е оправдување за словенечката опозиција , но и за сите словенечки политичари, да превземаат чекори какви што преземеет во моментов”-вели Цвитановиќ .
Во словенија живеат 47 илјади Муслимани , кои сочинуваат 2.4 насто од населението и по католиците се најголема верска заедница во земјата. Веќе 35 години тие планираат да подигнат џамија. Градската управа на Љубљана најпосле минатата година им го дозволи тоа , но конзервативната опозиција сега се обидува преку референдум кој треба да се одржи на 4 април сепак да го оневозможи тоа.
Муфтијата Осман Ѓогиќ пред се, за тоа ги критикува политичарите , кои според него ги потикнуваат предрасудите кај народот.
Од развојот на ситуацијата е загрижен и амбасадорот на ЕУ во Словенија , Ерван Фуере кој вели:
“Тоа воопшто не радува и ние сме загрижени. Тоа не одговара на степенот на толерантност и почитувањето на човековите права кои се очекуваат од Словенија“-истакнува Фуере.
Според истражувањата на јавното мислење на референдумот на 4 април поголемиот дел од Љубљанчани ќе гласаат против подигнувањето на џамијата , а веројатно и поголемиот дел Словенци ќе се изјаснат против обештетувањето за оние на кои неоправдано им беше ускратено државјанство.